18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla претстави електричен камион со домет од 800 km (фото+видео)

Tesla претстави електричен камион со домет од 800 km (фото+видео)

По големиот успех кој го постигна со луксузните електрични патнички возила, Илон Маск го претстави првиот камион на „Teslа“ на струја, со кој влегува во нова сфера на бизнисот.

Првиот човек на компанијата го откри изгледот и техничките детали на камионот со приколка „Tesla Semi“, на свечена презентација која се одржа во Лос Анџелес во петок наутро по средноевропско време.

Премиерата на електричниот камион, за кој Маск тврди дека претставува иднина на теретниот сообраќај, беше прво планирана за 26-ти октомври, но беше променета за 16-ти ноември во 20 часот по американско пафицичко време, а тоа се должи поради потешкотиите во производството на „Model 3“, па фокусот на компанијата беше насочен кон тој патнички автомобил.

„Tesla Semi“ има исклучително аеродинамичен дизајн на надворешноста, со цел максимално да се намали отпорот на воздухот при возење на автопат, а со тоа да се зголеми автономијата, додека внатрешноста е минималистичка, во склад со филозофијата применета на патничките автомобили на „Teslа“.

Со таа разлика што возачот на камионот на располагање му се два големи таплети, наместо еден, на кои ги следи сите функции на возилото, дава команди и врши подесувања.

Прво, и веројатно најважно кога станува збор за било кое електрично возило – автономијата на камионот со полна батерија е значително поголема отколку што се шпекулираше и според фабричките податоци изнесува дури 500 милји (преку 800 km), што е сосема доволно возилото да се користи на средни дестинации за превоз на терет, за кои „Tesla Semi“ е и конструиран.

Како што тврдат од компанијата, „Tesla Semi“ е во состојба да ја мине таа дистанца, без да ја надополнува батеријата, во услови на возење по автопат и под целосно оптеретување од 36 тона.

Исто така, кога целосно е натоварен, камионот со приколка на електричен погон од 0 дo 96 km/h (0-60 милји на час) забрзува за 20 секунди, што според Маск е значително побрзо од било кое слично теретно возило со дизел мотор на пазарот. Уште поинпресивна е бројката кога „Tesla Semi“ се ја откачи приколката – па тогаш ова време се намалува на само 5 секунди!

Тоа значки дека кога е празен, камионот забрзува како спортски автомобил. За да постигне ваков резултат, „Tesla Semi“ е опремен со 4 независни електромотори, од кој секој придвижува по еден од четирите задни (погонски) тркала – камионот има вкупно 6 тркала. Моќта на погонскиот систем засега не е соопштена.

Една од карактеристиките на патничките возила на „Teslа“ е системот на полу-автопилот, кој нема да недостасува и на електричниот камион.

Возилото е стандардно опремено со технологија за автоматско одржување на камионот во рамките на сообраќајната лента на која се движи и системот за автономно сопирање при случај на опасност.

Иако станува збор за првиот камион конструиран од „Teslа“, во компанијата тврдат дека ова возило ќе биде многу сигурно. Со цел да ги увери потенцијалнит клиенти, производителот дава гаранција дека „Tesla Semi“ нема да има дефект при возењето во првите милион поминати милји (1,6 милиони километри).

Сопствениците ќе имаат можност да го дополнуваат возилото со нови, т.н. „мегаполначи“, кои овозможуваат батерите да се дополнат за 30 минути со енергија која му обезбедува на камионот да мине дополнителни 400 милји (oколу 640 km).

Во продолжение можете да ја погледнете видео-снимката од презентацијата на електричниот камион на „Teslа“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП