19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.11.2017

Дневен хороскоп 17.11.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку се занимавате со некоја работа поврзана за недвижнини, ве очекува многу поволен ден за заработка. Многу сте среќни и ќе го цените тоа што го имате со својот партнер.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можете да очекувате позитивна ситуација кога станува збор за работата. Во љубовта саканото лице покажува колку му значите и можете да очекувате прекрасен ден поминат со него.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Натпреварувачки сте настроени и имате потреба себе си и своите способности да ги претставите во најдобро светло. Денот е добар за промени кога станува збор за емотивното поле. Ако влезете во нова врска, тоа ќе биде позитивно за вас.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можно е да имате малку обврски, а доста слободно време. Можете да очекувате многу продуктивен ден. Во љубовта ве очекува фаза во која ќе можете да остварите позитивно познанство со некој Бик.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви се нуди прилика за патување на кое би можеле да остварите некаков вид на деловно напредување или дополнителна едукација. Во љубовта ви се допаѓа личност која често ја среќавате во блиското опкружување.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе бидете склони на бурни реакции, па лесно ќе можете да се впуштите во кавга. Можно е да не добиете доволно внимание од својот партнер, па ќе бидете загрижени за текот на врската.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пред вас се мали трошоци но генерално не би требало да имате некои позначајни проблеми на полето за работа. На љубовното поле многу сте шармантни и лесно привлекувате внимание на себе.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекува многу позитивна ситуација кога станува збор за полето за работа и финансиите. Пред вас е шанса да остварите напредок. Во љубовта ве очекува интересна комуникација со некое лице со кое наскоро ќе стапите во врска.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате желба да напредувате и подготвени сте максимално да им се посветите на обврските. Во љубовта ќе имате мали проблеми во комуникацијата со саканото лице. Можни се мали тензии.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е да внесувате тензија во комуникацијата со соработниците, а за тоа да не сте ни доволно свесни. Во љубовта можно е да ја немате повеќе истата доза на емоција кон својот партнер.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете да очекувате дека ќе имате среќа на деловен план и дека многу лесно ќе ги завршите сите свои обврски. Можете да очекувате позитивна атмосфера со саканото лице.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе успеете да ги исправите грешките кои претходно сте ги правеле и да се докажете дека ја знаете својата работа одлично. Во љубовта можно е вмешување на некое трето лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП