19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ќе ви помогнат да ги избегнете настинките

Намирници кои ќе ви помогнат да ги избегнете настинките

Како што доаѓа зимата доаѓаат и настинките, кашлањето, обилниот секрет од носот, болката во грлото. Без оглед дали ве фатила настинка или сакате да ја избегнете со зајакнување на имунитетот, оваа суперхрана ќе ви помогне во мисијата.

Риба

Иако ја поврзуваме со летото, знајте дека многу добро ќе ви дојде и во зима. Различните видови на риба содржат различни масни киселини кои го зајакнуваат имунитетот и се борат против настинката и грипот.

Лук

Лукот произведува антиоксиданти кои се борат против настинката и делуваат на имунитетот како ниту една друга намирница.

Чај

Ништо не функционира така добро како шољата топол чај во ладните денови. Не само што ќе ја ублажи болката во грлото, туку тој содржи состојки кои се борат против грипот.

Печурки

Печурките содржат антиоксиданти, калиум, витамини и влакна кои исто така го подобруваат имунитетот и ќе ви помогнат во борбата против настинките.

Сладок компир

Слаткиот компир (батат) е многу добар сојузник во зачувувањето на здравјето во ладните денови. Тој произведува состојки кои се претвараат во витамин А, кој е неопходен за одржување на силниот имунитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП