19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои се лековитите својства на брусницата

Кои се лековитите својства на брусницата

Брусницата е вкусно овошје со потекло од Америка, но и намирница која што е многу корисна за здравјето. Поради тоа што содржи голем број на корисни материи кои што го штитат организмот од разни болести, ова овошје се повеќе го окупира вниманието на стручњаците.

Таа е природен антибиотик кој содржи голем број на витамини, неопходни за нормалното функционирање на организмот.

Таа содржи минерали, витамини А, Ц и Б, калиум, растителни влакна и омега 3 масни киселини, а нејзиното редовно конзумирање може да спречи или намали инфекции на уринарниот тракт. Биофлавоноидите кои ги содржи делуваат антибактериски, уништувајќи ги штетните бактерии во телото.

Богата е со влакна, антоцијаним, проантоцијаним, бета-каротен, калциум, магнезиум и други микронутриенти. Концентратот од брусница се вика брусницин и најчесто се користи во лечење на инфекции на мочниот меур предизвикани од ешерихија коли.

Проантоцијанидните соединенија со кои што брусницата е особено богата делуваат со уништување на бактеријата ешерихија коли, со тоа што и оневозможуваат да се закачи на површинскиот слој на матката и бешиката.

На сличен начин, материите од брусницата делуваат во намалувањето на бројот на бактерии во усната празнина, а со тоа се намалуваат и наслагите од плак на забите.

Освен тоа, брусницата дејствува одлично во уништувањето на хеликобактер бактеријата, која е главен причинител на чирот на желудникот, а исто така го намалува и ризикот за појава на болести на забите и непцата, но и ракот на градата и дебелото црево.

Широкиот дијапазон на позитивно делување на брусницата оди и во прилог на обновување на видот, намалување на шеќерот во крвта, а нејзините плодови делуваат одлично и во исхраната на луѓето подложни на стрес и кардиоваскуларни болести. Воедно, го зајакнува имунитетот и отпорноста на организмот.

Брусницата содржи антиоксиданс – фенол, кој спречува срцеви болести, неколку видови карциноми и предвремено стареење. Изобилува со танини кои се важни за здравјето на срцето. Содржи и големи количини флавоноиди и полифеноли кои служат како природна одбрана од атеросклероза, зошто го инхибираат лошиот холестерол и ја подобруваат циркулацијата.

Брусницата можете да ја конзумирате во вид на сок, чај, во џем или едноставно како свеж, замрзнат или сушен плод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП