23 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.11.2017

Дневен хороскоп 16.11.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можно е да имате некои мали компликации поврзани со документи. Поведете сметка за тоа. Во љубовта ќе бидете нервозни и тензијата лесно ќе ја пренесувате на партнерот, со што ќе настанат кавги.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да бидете во трка со времето и највреројатно ќе ги пробиете роковите кои ви се зададени за одредени работни задачи. Кога станува збор за љубовта нема да можете да трпите притисок, па затоа нема да се замарате воопшто.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е важна деловна средба со лице кое може да ви помогне околу напредувањето. Во љубовта ќе мислите дека партнерот не ви е доволно посветен и постојано ќе го следите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу сте одлучни и сакате да ги реализирате своите идеи без оглед на мислењето на околината. Пред вас е возбудлив ден доколку сте слободни.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Пред вас е многу поволен ден доколку се занимавате со маркетинг или некоја работа во која е неопходна креативност. Слободните сосема случајно ќе запознаат една шармантна личност.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе имате некои мали компликации при финансиските трансакции, па поведете сметка за тоа. Доколку сте зафатени ве очекува малку потежок ден, можни се конфликти со саканото лице.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку се занимавате со приватна работа можно е да имате некои проблеми. Во последно време имавте некои несогласувања со партнерот, но овој ден ќе ви го донесе мирот и спокојот кој го баравте.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можете да очекувате убави вести од деловниот партнер. Тоа е личност во која имате најмногу доверба. Пред вас е поволен ден за склопување нова врска или договор за брак.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сте претерано заинтересирани за вложување на енергија во работата денес. Ќе сакате да одморате. Во љубовта ќе и покажете на саканата личност дека многу ви е важна.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе ви биде потребна поголема енергија и трпение ако сакате да ги завршите сите обврски денес. Во љубовта ќе сакате повеќе време да размислите за врката во која се наоѓате.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу сте напнати па не можете најдобро да се сконцентрирате на деловните обврски. Обидете се да правите паузи. Можно е партнерот на некој начин да ви ги повреди чувствата.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можно е да не бидете сосема задоволни со пристигнатите пари, бидејќи сте очекувале повеќе. Во љубовта ќе делувате прилично ладно во комуникацијата со саканото лице, што не е добар знак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП