28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на моделот за 2018-та година - Infiniti QX80 (фото+видео)

Премиера на моделот за 2018-та година – Infiniti QX80 (фото+видео)

Јапонскиот производител на автомобили ги претстави првите фотографии од „Infiniti QX80“ за 2018-та. Втората генерација на автомобилот беше претставена на саемот во Дубаи и ќе биде достапен за продажба од следната година.

Новиот „Infiniti QX80“ го задржува својот познат солиден дизајн и двообемен профил. Во исто време, има добиено карактеристики од концептот „Infiniti QX Monograph“.

Автомобилот има поизразена решетка на ладилникот и тесни „LED“ фарови. За дополнителен износ, можете да добиете тркала со дијаметар од 22 инчи.

Во познатиот стил е претставена и кабината. Материјалите се надградени.

Како и досега, теренецот на „Infiniti“ ќе биде достапен во верзии со 7 и 8 седишта.

„Infiniti QX80“ за 2018-та ќе биде опремен со 5,6-литарски V8 со моќност од 400 КС. Потоа, серијата ќе биде надополнета со турбо V6.

Сите верзии се опремени со 7-брзински автоматски менувач. Преносот може да се користи на задните тркала или на сите четири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП