25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕФантастичниот хотел Niccolo Chengdu во Сечуан (фото)

Фантастичниот хотел Niccolo Chengdu во Сечуан (фото)

Ако сакате да ја откриете Ченгду, престолнината на прекрасната кинеска провинција Сечуан, нема подобро место за почеток на вашата авантура од спектакуларниот хотел „Niccolo Chengdu“.

Сместен во финансискиот центар на градот, овој хотел ги дочекува гостите и им нуди урбано и шик опкружување со уникатен пристап за добредојде.

Овој раскошен хотел има 230 спектакуларни соби и апартмани по избор, од кои секоја содржи елегантен декор и нуди волшебен поглед на градот, благодарение на прозорците од под до плафон. Современиот луксуз, бесплатното користење на „iPad“ и безжичната интернет конекција ќе ви овозможат денот овде да ви биде интересен, но тоа не е се што нуди овој хотел.

Хотелот ќе ги воодушеви љубителите на гастрономијата во своите два ресторани, кои во менито нудат азиска и интернационална кујна. Првиот, „Niccolo Kitchen“ ќе ве импресионира со неверојатните ароми во забавна и опуштена атмосфера, додека пак, ресторанот со кинеска кујна „Yue Hin“ ќе ве воодушеви со кинеските и сечуанските специјалитети.

Ако сакате да се опуштите и да ги „наполните батериите“, качете се на 6-от кат од хотелот, каде можете да најдете приватен свет за релаксација, со прекрасен базен од 20 метри, сауна и потполно опремен фитнес центар.

„Niccolo Chengdu“ на гостите им нуди голем број на луксузни соби и апартмани. Со многу модерни ентериери креирани од водечките светски дизајнери, кои содржат текстил и кожа во природни тонови, во сите соби на хотелот постои сублимирана софистицираност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП