Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 540.00 -1.82%    ALK 7,350.00 -0.51%    BESK 10,300.00 0%    CEVI 912.00 0%    FERS 57,750.00 -2.94%    GRNT 801.00 -2.95%    KJUBI 1,400.00 -2.78%    KMB 2,700.00 0%    LOTO 600.00 0%    MPT 26,900.00 -0.37%    MTUR 4,224.00 3%    OHB 4,851.54 -0.17%    REPL 54,800.00 0.37%    RMDEN11 96.00 -0.62%    RMDEN13 96.40 1.47%    RMDEN15 95.00 0.05%    STBP 600.00 -0.17%    TETE 1,938.00 4.76%    TNB 13,500.00 -0.01%    TTK 816.00 0.38%    UNI 1,905.00 0%    ZPKO 2,600.00 -2%    

Бектеши-Почивалшек: Најава за понатамошна плодна економска соработка меѓу Македонија и Словенија

Време: 17:21

Датум: ноември 14, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари средба со министерот за економија и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек, во рамките на официјалната посета на владината делегација на Република Македонија на оваа земја, предводена од премиерот Зоран Заев.

На средбата беше истакнато дека двете земји имаат континуирано успешна економска соработка, па оттука Словенија редовно се наоѓа на листата на значајни инвеститори во Република Македонија, а во однос на надворешно-трговската размена, Словенија е 12. земја по ред во 2016 година со која Република Македонија остварува најголем обем, пpи што забележлив е раст на билатералната трговија во 8-те месеци на 2017, во споредба со истиот период на 2016 година од 11.7%, со тоа што извозот е зголемен за 15.3%, а увозот за 10.1%.

Министерот Бектеши му предложи на својот словенечки колега во првата половина на идната година да се одржи 11. седница на Мешовитата комисија по Спогодбата за стопанска соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија, со оглед на фактот што редовното одржување на седници на Мешовитата комисија ќе ја отвори можноста за избор на заеднички проекти наменети за подобрување на трговијата и економската соработка, како и можност за нови инвестиции во Република Македонија.

Во наредниот период се очекува словенечката страна да ја разгледа и македонската иницијатива за склучување договор за соработка во областа на туризмот, која би отворила нови можности на развој и во овој значаен економски сектор.

Министрите се согласија дека сите овие заеднички иницијативи говорат за одличната основа за понатамошна плодна економска соработка меѓу двете земји, која се очекува да биде продлабочена и зајакната со нови, заеднички проекти.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Утре без вода ќе останат Ракотинци, Добри Дол и Сопиште

    Утре без вода ќе останат Ракотинци, Добри Дол и Сопиште

    Корисниците од селата Ракотинци, Добри Дол и Сопиште утре, 22 ноември, ќе останат без вода. „По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, ги известуваме…

  • Грција ги зголеми своите предвидувања за буџетскиот суфицит во 2017-та и 2018-та

    Грција ги зголеми своите предвидувања за буџетскиот суфицит во 2017-та и 2018-та

    Грција очекува да ги надмине своите цели за буџетски вишок веќе трета година по ред во 2018-та година, изјави висок претставник. Ова може да помогне…

  • 24-часовен штрајк на атинското метро

    24-часовен штрајк на атинското метро

    Вработените во атинското метро почнаа 24-часовен штрајк против плановите на владата да ja приватизира компанијата. Изминатите недели работниците го блокираа метрото на неколку часа. Тие…

  • Владата обезбеди книги на македонски јазик за дел од основните училишта во Србија

    Владата обезбеди книги на македонски јазик за дел од основните училишта во Србија

    По барање на Македонскиот национален совет на македонските национални заедници (НСМНЗ) во Република Србија, Владата на Република Македонија обезбеди книги и литература на македонски јазик…

  • Турски ИКТ-компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

    Турски ИКТ-компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

    Турски ИКТ-компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија, кое би се извезувало во ЕУ. Интересот следува по учеството на саемот во…

  • Најавена генералка на улиците на Скопје за намалување на загаденоста

    Најавена генералка на улиците на Скопје за намалување на загаденоста

    Градот Скопје во претстојниот период ќе спроведе голема акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите општини…

  • Земјоделство: про и контра воведувањето персоналец и зголемувањето акциза

    Земјоделство: про и контра воведувањето персоналец и зголемувањето акциза

    Воведувањето на персоналец и зголемувањето на акцизата ги подели земјоделците и експертите – за едни новите и поголеми давачки нема да имаат негативни ефекти, за…

  • Изводи од матична евиденција од денес и во Општина Аеродром

    Изводи од матична евиденција од денес и во Општина Аеродром

    Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски, денеска ја отворија Канцеларијата за водење матични книги…

  • Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија на високо ниво

    Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија на високо ниво

    Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија е на високо ниво, оценија делегациите на Царинските управи на двете земји, на билатерална средба што се…

  • Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври

    Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври

    Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува министерот за финансии, Филип Хамонд, објави „Ројтерс“. Дефицитот,…