20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасен и идиличен хотел - Hotel Romeo (фото)

Прекрасен и идиличен хотел – Hotel Romeo (фото)

Неапол е прекрасен италијански град, со богата историја и култура, на прекрасна локација помеѓу Тиренското море и планината Везув…

Во тој прекрасен град се наоѓа хотелот „Romeo“, кој не е само обично место за уживање и релаксација по највисоки стандарди на италијанскиот луксуз и комфор, тој е прекрасно дизајниран простор во кој ќе бидете опкружени со најфина италијанска модерна уметност.

Лобито е всушност работна соба, со неколку форми на современа уметност во себе – од архитектура и скулптури, до водени бои кои се користени во дизајнирањето. Што се однесува до собите, тие се декорирани со фотографии од најталентираните италијански фотографи, а имаат луксузни погодности како што е дизајнираниот мебел од „Philippe Starck“ и „Hermes“.

„Romeo“ хотелот се наоѓа на само 30 минути возење од интернационалниот аеродром во Неапол и на само два часа од главниот град на Италија, Рим. Доколку некогаш дојдете во овој дел од Италија, ве советуваме да претстојувате во овој прекрасен и идиличен хотел, секако, нема да зажалите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП