Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 540.00 -1.82%    ALK 7,350.00 -0.51%    BESK 10,300.00 0%    CEVI 912.00 0%    FERS 57,750.00 -2.94%    GRNT 801.00 -2.95%    KJUBI 1,400.00 -2.78%    KMB 2,700.00 0%    LOTO 600.00 0%    MPT 26,900.00 -0.37%    MTUR 4,224.00 3%    OHB 4,851.54 -0.17%    REPL 54,800.00 0.37%    RMDEN11 96.00 -0.62%    RMDEN13 96.40 1.47%    RMDEN15 95.00 0.05%    STBP 600.00 -0.17%    TETE 1,938.00 4.76%    TNB 13,500.00 -0.01%    TTK 816.00 0.38%    UNI 1,905.00 0%    ZPKO 2,600.00 -2%    

Изложба на академскиот сликар Слободан Тимчевски во Куманово

Време: 15:13

Датум: ноември 14, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово в четврток со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар Слободан Тимчевски. Изложбата содржи 25 дела работени во техниката акрил од најновата продукција на Тимчевски.

Обидувајќи се да ги исчитаме пораките од најновото творештво на академскиот сликар Слободан Тимчевски и анализирајќи ги делата од опусот со работен наслов “Моменти“ работени во техниката акрил, се чини дека имаме задача да дешифрираме една мошне сложена сликарска идеја којашто е надградувана и конципирана во еден повеќегодишен период. Оттука и чувството при првата средба со сликите дека истите се дел од еден огромен проект, од едно големо виртуелно платно во главата на авторот и дека тој само ни дава парчиња од сложувалка, делови коишто претставуваат детали од тоа платно. Или поедноставно кажано, не нè напушта чувството дека секоја слика е дел од некој полиптих носејќи го во себе принципот на холограм – дека во делот се содржани информациите за целината. А тие целини, мораме да признаеме, воопшто не наликуваат една на друга во формално-визуелна смисла и се микрокосмоси за себе… Она што ги поврзува е, секако, концептот и пристапот во којшто доминираат две компоненти: експресијата на цртежот и бојата и декоративните секвенци. Но, некои дела не можат да се подведат ни под овој концепт (на пример, делото “Ни на јаве ни на сон“ коешто е асоцијативно-апстрактно биоморфно решение со силна колористична експресивна палета на црна основа).

Во оваа најнова збирка на дела на Слободан Тимчевски можеме да согледаме и повеќе други влијанија од поп-арт, стрит-арт и стрипот, што говори за еден едуциран автор којшто има апсолвирано и теоретски знаења коишто успешно ги имплементира во своите дела градејќи еден свој визуелен универзум. Дали истиот ќе биде читлив за пошироката публика останува да се види на самото отварање на изложбата, но со сигурност можеме да кажеме дека во делата на Тимчевски гледаме еден современ автор којшто за краток временски период ќе биде препознатлив и влијателен на македонската ликовна сцена.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Романот „И чоек и пес“ објавен на украински

    Романот „И чоек и пес“ објавен на украински

    Романот „И чоек и пес“ на реномираниот македонски писател Владо Димовски откако беше преведен на бугарски, деновиве е објавен и на украински јазик. „И чоек…

  • Промоција на „Цртани жени“ од Братислав Ташковски

    Промоција на „Цртани жени“ од Братислав Ташковски

    Утре со почеток во 12.00 часот, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе се одржи промоцијата на поетската книга на Братислав Ташковски „Цртани жени“, издание…

  • 10 дена бесплатен филмски маратон во џебното кино на МКЦ

    10 дена бесплатен филмски маратон во џебното кино на МКЦ

    Од вчера започна целодневен филмски маратон (Синемаратон) во Џебното кино на Младинскиот културен центар. Маратонот почна претпладнето со каубојскиот „Рио Браво“ (1959). Проекциите ќе бидат…

  • Македонската филхармонија со концерт ќе го одбележи 73. роденден

    Македонската филхармонија со концерт ќе го одбележи 73. роденден

    Македонската филхармонија со концерт ќе го прослави 73. роденден. Концертот ќе се одржи на 24 ноември (петок) во 20 часот, на кој ќе бидат изведени…

  • Вечерва во Домот на АРМ мјузиклот „Легенда за птицата Симург“

    Вечерва во Домот на АРМ мјузиклот „Легенда за птицата Симург“

    Над 45 уметници од Турција вечерва ќе учевствуваат во мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ од Турција, што ќе се одржи во Дом на АРМ, со…

  • Наградата за најдобар филм на „Синедејс“ ја доби „Срце од камен“

    Наградата за најдобар филм на „Синедејс“ ја доби „Срце од камен“

    „Срце од камен“ – исландско-данска копродукција на режисерот Гудмундур Амар Гудмундсон е најдобар филм на 16 Фестивал на европски филм „Синедејс“. Избран е за најдобар…

  • Петто издание на детскиот фестивал „Сонот на облачето“

    Петто издание на детскиот фестивал „Сонот на облачето“

    Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе се одржи од 20 до 22 ноември во просториите на Младинскиот културен центар. Петтото…

  • Гостување на турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“

    Гостување на турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“

    Во Домот на АРМ, в понеделник, ќе биде изведен мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ од Турција. Во изведбата ќе учествуваат 45 уметници – членови на…

  • „Едно сонце за сите деца“ – креативни работилници во Чифте амам

    „Едно сонце за сите деца“ – креативни работилници во Чифте амам

    Националната галерија на Македонија во соработка со амбасадата на Република Бугарија во Македонија и здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам „Во мојот…

  • Во Кинотека филмскиот циклус посветен на современиот шпански филм

    Во Кинотека филмскиот циклус посветен на современиот шпански филм

    Во Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија од 20 до 26 ноември ќе се одржи филмскиот циклус посветен на современиот шпански…