17 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple следната година може да претстави три нови телефони

Apple следната година може да претстави три нови телефони

Аналитичарот Минг-Чи Куо од „KGI Securities“ објави белешка до своите клиенти, која е цитирана и од „AppleInsider“ и според која „Apple“ работи над 6,5-инчен „iPhone“ со „OLED“ дисплеј кој ќе биде пуштен во продажба во втората половина од 2018-та година. Овој телефон најверојатно ќе биде претставен како „iPhone X Plus“ со „OLED“ екран од крај до крај.

Но „Apple“ исто така работи на нов „LCD“ екран со голем 6.1-инчен дисплеј, вели Куо. Тој верува дека овој модел ќе биде насочен кон пазарите на паметни телефони со ниски и средни цени. Овој нов модел ќе се „разликува значително“ од моделите со „OLED“, што доаѓа со екран со пониска резолуција, за да се постигне цена во опсег помеѓу 650 и 750 долари. Но најверојатно и овој модел ќе содржи „Face ID“ и добро развиени камери за да го замени „Touch ID“, вели Куо.

Тој исто така верува дека „Apple“ значително ќе го намали обемот на овој „LCD“ модел благодарение на отстранувањето на „Touch ID“.

Овие два телефони ќе бидат придружувани од следната генерација на „iPhone X“, вели аналитичарот. Тој ќе дојде со истиот 5.8-инчен „OLED“ дисплеј, како неодамна претставениот модел.

Со три нови мобилни телефони кои очигледно ќе бидат претставени пред публиката на крајот на 2018-та година, „Apple“ ќе оформи „суперциклус“ на продажба, помогната од фактот дека синџирот на снабдување на компанијата ќе биде во можност да се справи со производството на новите технологии воведени во „iPhone X“, објаснува аналитичарот.

За новиот огромен 6,5-инчен „iPhone“ првпат зборуваше во септември. Во тоа време самиот Куо напиша дека сите телефони на концернот, кои ќе се претстават догодина, ќе содржат „Touch ID“ или „Face ID“, овозможувајќи постепеното намалувањето на физичкото „home“ копче.

Сегашниот „iPhone 8“ има 4,7-инчен екран, „iPhone 8 Plus“ е со екран со големина од 5,5 инчи, а „iPhone X“ има 5,8-инчен „OLED“ екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП