Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 540.00 -1.82%    ALK 7,350.00 -0.51%    BESK 10,300.00 0%    CEVI 912.00 0%    FERS 57,750.00 -2.94%    GRNT 801.00 -2.95%    KJUBI 1,400.00 -2.78%    KMB 2,700.00 0%    LOTO 600.00 0%    MPT 26,900.00 -0.37%    MTUR 4,224.00 3%    OHB 4,851.54 -0.17%    REPL 54,800.00 0.37%    RMDEN11 96.00 -0.62%    RMDEN13 96.40 1.47%    RMDEN15 95.00 0.05%    STBP 600.00 -0.17%    TETE 1,938.00 4.76%    TNB 13,500.00 -0.01%    TTK 816.00 0.38%    UNI 1,905.00 0%    ZPKO 2,600.00 -2%    

Окта ги објави финансиските резултати за третиот квартал од 2017 година

Време: 10:53

Датум: ноември 14, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

ОКТА оствари висока профитабилност во третиот квартал од 2017 година, како резултат на растечкиот тренд на обемот на продажба на домашниот пазар и зголеменото пазарно учество, поддржана со тековните структурни оптимизации. Понатаму, со успешно надминување, и тоа во повеќе наврати, на екстремните ситуации поврзани со лошите временски услови и граничната блокада, со кои се соочи во првите месеци од 2017 година, ОКТА останува главен гарант за снабдување со гориво во земјата.

Оттука, прилагодената ЕБИТДА, како клучен показател за оперативната профитабилност на компанијата, изнесува 242 милиони денари за третиот квартал од 2017 година, во споредба со 206 милиони денари за третиот квартал од 2016 година. Исто така, кумулативно за девет месеци, прилагодената ЕБИТДА изнесува 413 милиони денари, што е на пониско ниво во однос на истиот период минатата година, како резултат од профитот на еднократната продажба на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што ја зголеми прилагодената ЕБИДТА на ниво од 455 милиони денари. Од друга страна, со исклучок на овој еднократен ефект, прилагодената ЕБИДТА за девет месеци во 2016 година би била пониска во споредба со истиот период од 2017 година. Приходите од продажба продолжуваат да се зголемуваат, достигнувајќи 16.674 милиони денари, споредено со 13.523 милиони денари во истиот период минатата година. Добивката пред оданочување за девет месеци од 2017 година, беше негативно погодена за 22 милиони денари поради падот на меѓународните цени на нафтените деривати како и влијанието на негативниот ефект од промена на цените на залихата, за разлика од 2016 година кога истиот ефект беше позитивен во износ од 78 милиони денари.

Со генерирање на прикажаните значителни оперативни резултати, ОКТА успеа да ја задржи својата стабилна финансиска позиција, покривајќи ги своите планирани капитални трошоци и потребите за тековен капитал. Исто така, во септември 2017 година ОКТА ја реализираше исплатата на дивиденда втора година по ред во својата историја.

Во текот на последниот квартал, ОКТА остана посветена на благосостојбата на граѓаните и подобрување на нивниот секојдневен живот. Така, компанијата донираше компјутери и климатизери во општата болница во Гостивар со што помогна во подобрувањето на условите за пациентите и вработените. Со доделување на 10 стипендии за постдипломски студии на студентите на УКИМ, ОКТА очекува да изгради кадри кои ќе бидат движечка сила за развојот на земјата. Вработените на ОКТА уште еднаш ја демонстрираа својата хуманост со учество во Светскиот ден на гладот, преку колективно доброволно откажување од сопствениот оброк и организирање традиционална крводарителна активност.

ОКТА останува посветена на фер и транспарентна соработка со сите своите партнери, добавувачи и клиенти, со цел да обезбеди редовно и непречено снабдување на гориво со највисок квалитет на домашниот и странскиот пазар, а притоа продолжува да расте и придонесува кон општеството.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ќе се роди ли најголемиот хотелски оператор во Шпанија?

    Ќе се роди ли најголемиот хотелски оператор во Шпанија?

    Шпанскиот хотелски синџир „Barceló“ предложи да го купи локалниот конкурент „NH Hotel Group“ за 7,08 евра за акција – 27% премија во однос на просечната…

  • Marvell сака да го купи производителот на чипови Cavium

    Marvell сака да го купи производителот на чипови Cavium

    Американската компанија „Marvell Technology“ испрати понуда за купување на производителот на чипови „Cavium“ чија вредност изнесува околу 6 милијарди долари. Евентуалната зделка ќе ја зајакне…

  • Поради седум смртни случаи „Икеа“ повлече 29 милиони парчиња мебел

    Поради седум смртни случаи „Икеа“ повлече 29 милиони парчиња мебел

    Шведската компанија „Икеа“ повторно најави повлекување на 29 милиони парчиња мебел, откако се случи нов смртоносен случај, седми по ред, во кој пред неколку месеци…

  • 750 милиони евра ќе инвестира Форд во фабрика во Шпанија

    750 милиони евра ќе инвестира Форд во фабрика во Шпанија

    Компанијата „Форд“ ќе инвестира над 750 милиони евра во фабриката во шпанскиот град Валенсија, за производство на новата генерација на спортско возило „Форд Куга“ со…

  • „Гугл“ им објави војна на сајтовите „Спутник“ и „Раша тудеј“

    „Гугл“ им објави војна на сајтовите „Спутник“ и „Раша тудеј“

    Првиот човек на „Алфабет“ Ерик Шмит, во чие сопствеништво е „Гугл“, најави дека интернет пребарувачот ќе ги филтрира содржините за кои се верува дека се…

  • Профитот на EasyJet се „топи“ по тешката година за воздухопловство

    Профитот на EasyJet се „топи“ по тешката година за воздухопловство

    Профитот пред даноци на „EasyJet“ опаѓа со 17,3% до 408 милиони фунти (458,7 милиони евра) во деветте месеци, што одговара на прогнозите на британската авиокомпанија…

  • Започнаа пред-нарачките на Huawei Mate 10 Pro

    Започнаа пред-нарачките на Huawei Mate 10 Pro

    Потрошувачите можат да го бараат и да го добијат првиот врвен модел на Huawei во Нептун, непосредно пред официјалниот почеток на продажбата во Македонија Почнувајќи…

  • Volvo подготвува 24.000 автомобили за Uber

    Volvo подготвува 24.000 автомобили за Uber

    Автомобилската компанија „Volvo“, во сопственост на кинескиот „Geely“, потпиша договор за испорака на 24.000 самоуправувачки автомобили за „Uber“ во периодот до 2021 година. Во соопштението…

  • Најскапата акција во светот

    Најскапата акција во светот

    Акциите на „Berkshire Hathaway“, компанијата основана и управувана од Ворен Бафет, денес се најскапите во светот. Вчера е забележано зголемување од 0,22% до 272.005 долари…

  • Goldman Sachs ќе има две централи во еврозоната

    Goldman Sachs ќе има две централи во еврозоната

    Шефот на „Goldman Sachs“, Лојд Бланкфејн потврди дека американската банка ќе има по „Brexit“ две европски централи – едната во Франкфурт, а другата во Париз,…