Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

За првпат од 1958 година Италија нема да оди на СП

Време: 08:31

Датум: ноември 14, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Молк и солзи на „Сан Сиро“! Италија е во шок! Првпат од 1958 година, италијанската фудбалска репрезентација, носител на четири светски титули нема да биде на Мундијалот, откако во реваншот против Шведска не успеаја да го „скршат“ отпорот на „викинзите“ одигрувајќи 0:0, за да се елиминирани со вкупен резултат 0:1.

Сè беше подготвено за колективна воздишка во Италија. „Сан Сиро“ исполнет до последното место, фубалерите со гласно пеење на химната, меѓутоа на теренот „аѕурите“ едноставно не направија доволно да ги „пробијат“ солидните Швеѓани, кои ќе го заземат нивното место на СП во Русија.

Италијанците започнаа под императивот победа, и уште на стартот трипати во офсајд се најде Чиро Имобиле во напаѓачкиот старт на „аѕурите“. Алесандро Флоренци се обиде со удар од работ на шестнасетникот во 6-тата минута, но топката помина покрај левиот дирек.

Првото полувреме го одбележи и шпанскиот судија Антонио Матеу, кој додели четири жолти картони, а со чист образ можеше да досуди и три пенали – еден за Италија и два за гостите. Во 9. минута Лудвиг Аугустинсон имаше непријатен старт над Марко Паоло, а во 13. минута од другата страна, Ола Тоивонен ја шутна топката во раката на Кјелини. Во 29. минута, по нафрлувањето на Форсберг, топката удира во раката на Андреа Барѕаљи и Швеѓаните повторно протестираат, а Форсберг добива жолт картон за допирање на судијата.

На стартот на второто полувреме Италијанците почнаа уште посиловито, во директен напад на шведскиот гол. Во 54-тата минута по нафрлањето Флоренци атрактивно удира, но топката поминува само покрај голот.

Во 58. минута, постојаниот напад на голот на Шведска го искористи нововлезениот Исак Кисе Телин, кој се најде во добра позиција, но млако шутираше кон Буфон.

Ел Шарави во 87. минута ја имаше можеби најдобрата шанса во целиот натпревар, кога шутираше на левата страна, пред Робин Олсен да одбрани со одлична интервенција.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • “VISA”: Забранет влез за биткоинот

    “VISA”: Забранет влез за биткоинот

    Најголемата криптовалута биткоин е стока, но не е платен систем, велат од “Visa”. “Visa” исто така истакнува дека биткоинот или другите криптовалути нема да бидат вклучени…

  • Фирмите и физичките лица кои лани заработиле над милион денари ќе плаќаат ДДВ, ветувањата за зголемување на прагот останува за понатаму

    Фирмите и физичките лица кои лани заработиле над милион денари ќе плаќаат ДДВ, ветувањата за зголемување на прагот останува за понатаму

    Физичките лица, кои лани заработиле над милион денари вршејќи стопанска дејност имаа обврска до 15 јануари  да се пријават во Управата за јавни приходи и…

  • Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на планините снег

    Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на планините снег

    Времето денеска облачно и постудено, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег, информираат од УХМР. Повеќе врнежи ќе…

  • „Standard & Poor’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

    „Standard & Poor’s“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

    Од „Б-“ на „Б“, Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција. „Веруваме дека буџетските перспективи и изгледите за раст…

  • Драги е подготвен да достави предлог за европски безбедни обврзници

    Драги е подготвен да достави предлог за европски безбедни обврзници

    Проектот за нова класа безбедни финансиски средства наменети за зајакнување на еврозоната, претстои да биде претставен по речиси една година задоцнување, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се…

  • Џеко и Емерсон се поблиску до Челзи

    Џеко и Емерсон се поблиску до Челзи

    Фудбалерите на Рома Един Џеко и Емерсон Палмиери дале согласност да преминат во Челзи и сега сето тоа зависи од преговорите меѓу двата клуба, откри…

  • Дожд кај Стража и Маврово, се препорачува внимателно возење

    Дожд кај Стража и Маврово, се препорачува внимателно возење

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Наместа влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места. Слаб дожд врне во…

  • Ferrari го подготвува својот најмоќен модел со V8 мотор

    Ferrari го подготвува својот најмоќен модел со V8 мотор

    Компанијата „Ferrari“ подготвува „надуена“ модификација на суперавтомобилот „488 GTB“, која ќе го добие традиционалното име „GTO“ (Gran Turismo Omologata). Моделот ќе стане најмоќниот граѓански автомобил…

  • Amazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

    Amazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

    Американската технолошка компанија „Amazon“ избрала 20 градови и региони, вклучувајќи еден во Канада, за изградба на втора централа за која се тврди дека ќе генерира…

  • Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

    Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

    Tрансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед е само прашање на време и тоа е јасно. „Дејли Мирор“ како последна информација најавува дека Санчез до…