Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 540.00 -1.82%    ALK 7,350.00 -0.51%    BESK 10,300.00 0%    CEVI 912.00 0%    FERS 57,750.00 -2.94%    GRNT 801.00 -2.95%    KJUBI 1,400.00 -2.78%    KMB 2,700.00 0%    LOTO 600.00 0%    MPT 26,900.00 -0.37%    MTUR 4,224.00 3%    OHB 4,851.54 -0.17%    REPL 54,800.00 0.37%    RMDEN11 96.00 -0.62%    RMDEN13 96.40 1.47%    RMDEN15 95.00 0.05%    STBP 600.00 -0.17%    TETE 1,938.00 4.76%    TNB 13,500.00 -0.01%    TTK 816.00 0.38%    UNI 1,905.00 0%    ZPKO 2,600.00 -2%    

Ротари Клуб Скопје Камен Мост донира прочистувачи за воздух во градинките на територијата на општина Центар

Време: 20:14

Датум: ноември 13, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Во рамките на проектот на Ротари Клуб Скопје Камен Мост за намалување на изложеноста на децата на загаден воздух и отровните честички што истиот ги содржи, донирани се 12 уреди за прочистување на воздухот во просториите на градинката “13 Ноември“ – Скопје.

Патрониот празник на градинката и денот на град Скопје, симболично се избрани за почеток на иницијативата за справување со загадениот воздух и овозможување на прочистен воздух во просториите каде нашите најмали ги поминуваат своите детски денови.

Загаденоста на воздухот со “PM” честичи претставува сериозна закана за сите кои што се изложени на него, а најопасен е за децата на кои респираторните органи им се се уште во развој. Наша цел е подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат дечињата за време на нивниот престој во градинката. Планот е оваа иницијатива да продолжи и во останатите градинки во општината, за што е веќе спремна и следната донација, а потенцијално со помош на општините и градот Скопје, и на територија на целиот главен град.“ – изјави Иван Новаковски, претседател на Ротари Клуб Скопје Камен Мост.

Според последните статистики, Скопје е на трето место во Европа на листата на градови со најзагаден воздух во Европа ( податоци од Светска Здравствена Организација, www.who.int).

Во периоди со висок степен на загаденост на воздухот во Скопје, луѓето, а особено децата, треба да престојуваат во затворени простории во кои воздухот ќе биде прочистен со помош на ефикасни уреди за прочистување на истиот.

Покрај преземањето на разни мерки за справување со овој проблем, најважно е да се едуцираат децата уште од најмала возраст за проблематиката со загаденоста на воздухот во нашата држава, и како можеме сите ние индивидуално и групно да придонесеме.

Проектот е реализиран од Ротари Клубот Скопје – Камен Мост, во соработка со произведувачот на прочистувачите за воздух, ВАУРОН.

Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Утре без вода ќе останат Ракотинци, Добри Дол и Сопиште

    Утре без вода ќе останат Ракотинци, Добри Дол и Сопиште

    Корисниците од селата Ракотинци, Добри Дол и Сопиште утре, 22 ноември, ќе останат без вода. „По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, ги известуваме…

  • Грција ги зголеми своите предвидувања за буџетскиот суфицит во 2017-та и 2018-та

    Грција ги зголеми своите предвидувања за буџетскиот суфицит во 2017-та и 2018-та

    Грција очекува да ги надмине своите цели за буџетски вишок веќе трета година по ред во 2018-та година, изјави висок претставник. Ова може да помогне…

  • 24-часовен штрајк на атинското метро

    24-часовен штрајк на атинското метро

    Вработените во атинското метро почнаа 24-часовен штрајк против плановите на владата да ja приватизира компанијата. Изминатите недели работниците го блокираа метрото на неколку часа. Тие…

  • Владата обезбеди книги на македонски јазик за дел од основните училишта во Србија

    Владата обезбеди книги на македонски јазик за дел од основните училишта во Србија

    По барање на Македонскиот национален совет на македонските национални заедници (НСМНЗ) во Република Србија, Владата на Република Македонија обезбеди книги и литература на македонски јазик…

  • Турски ИКТ-компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

    Турски ИКТ-компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

    Турски ИКТ-компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија, кое би се извезувало во ЕУ. Интересот следува по учеството на саемот во…

  • Најавена генералка на улиците на Скопје за намалување на загаденоста

    Најавена генералка на улиците на Скопје за намалување на загаденоста

    Градот Скопје во претстојниот период ќе спроведе голема акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите општини…

  • Земјоделство: про и контра воведувањето персоналец и зголемувањето акциза

    Земјоделство: про и контра воведувањето персоналец и зголемувањето акциза

    Воведувањето на персоналец и зголемувањето на акцизата ги подели земјоделците и експертите – за едни новите и поголеми давачки нема да имаат негативни ефекти, за…

  • Изводи од матична евиденција од денес и во Општина Аеродром

    Изводи од матична евиденција од денес и во Општина Аеродром

    Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски, денеска ја отворија Канцеларијата за водење матични книги…

  • Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија на високо ниво

    Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија на високо ниво

    Соработката меѓу царинските служби на Македонија и Србија е на високо ниво, оценија делегациите на Царинските управи на двете земји, на билатерална средба што се…

  • Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври

    Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври

    Буџетскиот дефицит во Велика Британија неочекувано се зголеми во октомври, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува министерот за финансии, Филип Хамонд, објави „Ројтерс“. Дефицитот,…