28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо Собранието беше доставен предлог-буџетот за 2018-та

До Собранието беше доставен предлог-буџетот за 2018-та

Владата го доставила предлог-буџетот за 2018 година до Собранието. Расправата се очекува да почне неделава, според најавите на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека ќе ја прекине расправата по Законот за употреба за јазиците и дека предност ќе добие предлог- буџетот за 2018-та година.

Општиот и амандманскиот претрес ги води матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Според деловникот за работа на Собранието, претресот трае најмногу 10 работни дена. Откако ќе заврши претресот, Владата подготвува дополнителен предлог со прифатените амандмани и тој се доставува до Собранието. Пратениците може да расправаат за него на пленарна седница најмногу пет дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП