29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасен имот со луксузен аквапарк од 28 милиони долари (фото)

Прекрасен имот со луксузен аквапарк од 28 милиони долари (фото)

На само десет минути од центарот на Далас се наоѓа овој неверојатен имот кој мери површина од околу 3.700 квадратни метри, има девет спални соби, 11 бањи и бројни други изненадувања.

Овој имот го дизајнираше Роби Фуш во 2009 година, во стил на грандиозна европска вила, а се наоѓа на имот од 4,4 приватни ари.

Од импресиваната теретана, до гаражата со доволно место за десет автомобили , куглана и две домашни кина, овој луксузен дом е совршен за забавување на семејството и пријателите. Тука исто така е и затворениот кошаркарски терен со функционална табла за резултати.

Зад оваа импресивна вила во Далас се наоѓа аквапарк со огромен базен, тобогани и бројни анимации. Тука е и платформата за скокање и зип-линијата. Мораме да признаеме дека тоа донекаде ја објаснува цената од 28 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП