25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје го одбележува Денот на ослободувањето

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето

 Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, денеска ќе биде одбележан со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Aнтифашистичката војна на Македонија.

Предвидено е делегации на Собранието и на Градот Скопје да положат цвеќиња пред споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски. Цвеќиња ќе бидат положени и на споменикот на ослободителите пред Владата. Традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на Град Скопје се одржува од 9 до 17 часот во домот на хуманитарната организација „Даре Џамбаз“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП