25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУлтра луксузна вила на приватен остров (фото)

Ултра луксузна вила на приватен остров (фото)

Еве уникатна прилика за сите оние кои сонуваат за осамен живот на приватен остров…

Величествениот Shelter Island имот, гордо сместен на малиот остров на езерото Флатхед во Монтана кое е едно од најчистите во светот, е ставено на продажба по цена од неверојатни 22.750.000 долари.

Ако не прашувате, овој имот е вреден за секој долар, бидејќи претставува најголемиот приватен дом во Монтана. Со повеќе од 3.200 квадратни метри простор и приватно пристапно езеро, приватноста дефинитивно никогаш не изгледала подобро. Националниот парк Глациер е она што го имате на поглед од овој дом, кој содржи пет спални соби и осум бањи, како и грејни тремови и отворен простор за забава.

Во ентериерот, високите плафони, елегантниот камин и ТВ со дијагонала од 120 инчи кој е вграден во ексклузивни панели од махагони претставуваат само почеток на прекрасното искуство тука. Листата со погодности и особини на овој имот е прилично долга, но и многу импресивна.

Импресивниот имот има вински подрум, стрелиште, импресивна теретана со поглед на езеро, голем туш на отворено и парна бања. Трпезаријата, кујната и собата за појадок имаат префинети завршни детали, а опремени се со сите врвни апарати кои се потребни за уживање во совршен оброк.

Материјалите користени во изградбата на овој имот вклучуваат лукузен африкански махагони кој е рачно изработен, француски камен, италијански гипс, бакар и бронза, како и рачно изработено железо. Исто така, оваа вила има комерцијален лифт кој е за трите ката, додека куќата за гости има две спални соби, четири бањи, два камина и парна бања.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП