18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачо со врнежи од дожд

Денес облачо со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи  од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд, особено поладне. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. Претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла.

Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП