Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 534.00 -1.11%    ALK 7,277.39 -0.99%    GRNT 780.00 -0.44%    KMB 2,630.26 -1.28%    LOTO 582.00 -3%    MPT 26,337.50 -0.03%    OHB 4,600.00 -5.18%    RMDEN14 92.20 0%    RMDEN15 94.90 -0.11%    SBT 1,928.00 -2.97%    STB 916.57 -0.33%    TEL 270.00 -0.71%    TNB 13,407.59 -0.48%    TPLF 1,560.00 -1.48%    ZPKO 2,601.00 0%    

На кејот на реката Вардар ново место за рекреација на скопјани

Време: 16:00

Датум: ноември 10, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На кејот на реката Вардар во близина на скејт-паркот денеска беше отворена десеттата „Кока-кола активна зона“, која Пивара Скопје и компанијата „Кока-кола“ ја донираа на Градот Скопје.

Активната зона свечено ја отворија градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

– Навистина ми е чест што Градот Скопје повторно е дел од овој проект, преку кој заедно со Пивара Скопје и компанијата „Кока-кола“ имаме можност да ги мотивираме граѓаните редовно да спортуваат и да практикуваат активни животни навики, дотолку повеќе што целата оваа зона и инфраструктура е бесплатна за користење и достапна за граѓаните во секое време. Нашата цел е да имаме чист, модерен и безбеден град и граѓани коишто се грижат за себе и за својата средина. Токму затоа, „Кока-кола активната зона“ е од големо значење за Градот Скопје и апелирам до граѓаните на нашиот град да ја чуваат и да се грижат за неа. Исто така, ги повикувам сите компании да го следат овој позитивен пример за општествена одговорност и да покажат поголема корпорациска одговорност, односно преку инвестирање во заеднички јавни добра да инвестира и во развојот на својот бизнис, општата бизнис-клима и нашето заедничко Скопје – кажа градоначалникот Шилегов.

Проектот „Кока-кола активни зони“ се реализира во повеќе општини низ Македонија и истиот вклучува поставување на фитнес-зони на отворено, опремени со најмодерни професионални справи за вежбање, достапни 24 часа на сите граѓани без никаков надомест.

Проектот е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола за промоција на физичките, спортски и рекреативни активности и вложување во заедницата, како основа за создавање навики за активен животен стил и мотивирање на граѓаните редовно да спортуваат и да се рекреираат.

Оваа активна зона е втора донација во Скопје, по првата која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба и која истовремено го означи стартот на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата „Кока-кола“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • АМСМ: Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

    АМСМ: Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во…

  • Македонија дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

    Македонија дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

    Македонското Собрание вчера беше осветлено во портокалова боја заедно со други значајни знаменитости на планетата и со тоа стана дел од глобалната кампања за поддршка за…

  • Галиите ќе бидат дислоцирани

    Галиите ќе бидат дислоцирани

    Ќе се дислоцираат трите галии од реката Вардар, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој потврди дека издал налог за да почне постапката за дислоцирање.…

  • Денес сончево со мала до умерена облачност

    Денес сончево со мала до умерена облачност

    Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен…

  • Деловната доверба во германската економија на ново рекордно ниво

    Деловната доверба во германската економија на ново рекордно ниво

    Деловната доверба во германската економија се искачи на ново рекордно ниво бидејќи оптимизмот во врска со иднината на бизнисот во Германија ја неутрализираше донекаде песимистичката…

  • Македонија и швајцарскиот кантон Тичино ќе соработуваат во областа на образованието

    Македонија и швајцарскиот кантон Тичино ќе соработуваат во областа на образованието

    Министерката за образование и наука, Рената Тренеска-Дескоска, придружувана од министерот без ресор задолжен за дијаспора, денеска во Владата на Република Македонија во посета го примија…

  • Делови од Шуто Оризари и Визбегово денес и утре без вода

    Делови од Шуто Оризари и Визбегово денес и утре без вода

    Поради акција за санирање улични водоводни дефекти, денеска и утре прекинато водоснабдување ќе имаат жители на дел од населбите Шуто Оризари и Визбегово. Прекинато водоснабдување…

  • Без автомобили од утре на Водно

    Без автомобили од утре на Водно

    Најавената забрана за движење на возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од утре, и ќе важи секој викенд и за време на…

  • Одржан Инфо ден во Кочани

    Одржан Инфо ден во Кочани

    Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Инфо денот одржан во Кочани како дел од  циклусот на промотивни активности…

  • Етериумот забележа рекорден раст

    Етериумот забележа рекорден раст

    Етер – виртуелната валута на блокчејн технологијата Етериум, постојано се зголемува. Најголемиот конкурент на биткоинот постигна цена максимум од 425.55 долари за време на трговијата…