25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгискиот гулаб „Молња“ продаден за 310.000 евра

Белгискиот гулаб „Молња“ продаден за 310.000 евра

molnja

Претприемач од Кина платил рекордна сума од 310.000 евра за белгиски гулаб што е најголема во светот за овој вид на птици. Ова се случило за време на аукција која се оддржала за време на викендот, на која исто така бил покажан зголемениот интерес на Азијците кон ретки птици кои се дел од натпревари и изложби.

Едногодишниот гулаб „Молња“ веќе има освојувано многу награди. Тој беше во сопственост на познатиот белгиски финансиер и страствен обожавател на овие птици Лео Хереманс.

Белгиецот е веќе во изминати години и поради тоа најави дека повеќе неможе  да вози секој ден од 60 до 100 километри заедно со птиците. Но и поради тоа што се почесто престојувал во болница, немало кој да се грижи за неговите љубимци.

Па затоа тој се одлучил да ја продаде целата колекција од 530 птици која му донесе заработка од околу 4.3 милиони евра.

Според Хереманс новиот сопственик ќе може барем уште 8 години да го користи „Молња” за размножување.

Аукцијата привлече интерес на кандидати од 27 држави, но девет од десетте најскапи гулаби беа купени од Кинзи или Тајванци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП