Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,750.00 -0.67%    BESK 10,071.76 -1.98%    CEVI 1,099.00 -3.93%    GRNT 809.72 -0.03%    KMB 3,356.57 -0.98%    MTUR 4,300.00 2.38%    RMDEN16 94.90 0%    RZLV 51.00 2%    STB 940.49 -0.04%    STBP 601.00 0.17%    STIL 138.00 -0.74%    TEL 295.44 -1.52%    TETE 2,299.47 0.56%    TKVS 3,100.00 -0.32%    TPLF 1,699.87 3.03%    TTK 953.00 0.63%    UNI 2,050.00 0%    

„Деновите на СРЗ и лица со попреченост“ завршуваат утре со филмска проекција и јавна расправа

Време: 15:23

Датум: ноември 9, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Сексуалните и репродуктивните права се дел од основните човекови права, но ова како да не важи за лицата со попреченост во Македонија, велат од Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

-Во средина без доволно приватност, опкружени со стигма, професионални предрасуди и чудни погледи, лицата со попреченост кај нас мака мачат да ги остварат своите сексуални и репродуктивни права, а сексуалните здравствени услуги и понатаму им се непристапни, велат од таму.

Сакајќи да ги актуелизираат овие прашања меѓу пошироката јавност, но и да ги охрабрат лицата со попреченост да зборуваат и да ги бараат своите сексуални и репродуктивни права, Платформа за унапредување на СРЗП на лицата со попреченост и Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во период од 19 октомври до 10 ноември, организираат „Денови на СРЗ и лица со попреченост“.

„Деновите на СРЗ и лицата со попреченост“ ќе бидат заокружени на 10 ноември (петок) со бесплатната проекција на филмот „Сесии“ (The Sessions) во 18 часот во „Даре Џамбаз“ (сала 1), кој покрај номинацијата за „Оскар“, во 2013 година доби и признание за најдобар приказ на голотијата, сексуалноста и заведувањето. По филмот, во 19.30 часот ќе следи јавна трибина која ќе ги актуелизира прашањата поврзани со едукацијата за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) и пристапот до услуги за СРЗ за лицата со попреченост, како и општествените бариери поради кои тие не ги уживаат своите сексуални и репродуктивни права.

На трибината ќе учествуваат д-р Миле Тантуровски, специјалниот едукатор Тања Станкова, Снежана Матовска и Драгана Стоилковиќ, кои ќе ги споделат своите професионални ставови и лични искуства.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Wall Street ја започнa сесијата со зголемувања

    Wall Street ја започнa сесијата со зголемувања

    Индексите на „Wall Street“ ја отворија денешната седница со зголемување благодарение најмногу на поддршката на технолошките компании и во очекување на извештајот од средбата на…

  • Жбогар: ЕУ ќе продолжи со финансирање на проекти во Македонија

    Жбогар: ЕУ ќе продолжи со финансирање на проекти во Македонија

    Местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, но тие треба да исполнат одредени услови кои се потребни за влез во Унијата. Поради…

  • ОПЕК објави побрзо намалување на заситеноста на нафтата

    ОПЕК објави побрзо намалување на заситеноста на нафтата

    Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и дел од земјите производители надвор од неа (познати заедно како група „ОПЕК +“) утврдиле дека презаситеност на…

  • Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

    Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

    Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ организира втора научна трибина „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија“.  Оваа трибина за разлика од првата,…

  • Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

    Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

    Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби и истите планира да ги лоцира во периферните делови, како на пример Бардовци и Злокуќани,…

  • Индустрија за мебел: дивите мајстори најголем проблем

    Индустрија за мебел: дивите мајстори најголем проблем

    Едни плаќаат даноци и придонеси а други работат на диво и им ги земаат муштериите. Производителите на мебел се жалат на нелојална конкуренција. Дивите мајстори…

  • 30 отсто повисоки плати за шумските полицајци

    30 отсто повисоки плати за шумските полицајци

    За 30 отсто ќе се зголемат платите на шумските полицајци. Одлуката ќе се применува по првиот ребаланс на Буџетот за 2018 година, информираше денеска портпаролот…

  • „Екогерила“: Бројот на болни деца двојно намален по затворањето на „Југохром“

    „Екогерила“: Бројот на болни деца двојно намален по затворањето на „Југохром“

    Бројот на болни деца со распираторни болести во Полошкиот Регион двојно се намалил по затворањето на фабриката „Југохром“ минатата година. Ако во 2015 година бројот…

  • Финска се прашува каде да ги чува конфискуваните биткоини

    Финска се прашува каде да ги чува конфискуваните биткоини

    Властите во Финска се обидуваат да пронајдат начин за складирање на речиси 2.000 биткоини што земјата ги заплени. Поголем дел од средствата кои во моментов…

  • Од 1 јуни директна авиолинија Варшава – Скопје

    Од 1 јуни директна авиолинија Варшава – Скопје

    Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови на оваа…