28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНагло забави растот на производствени цени во Германија

Нагло забави растот на производствени цени во Германија

germanija3

Растот на производствените цени во Германија нагло забави во април трет месец по ред, првенствено поради поефтинувањето на енергенсите, покажаа најновите податоци на германскиот статистички завод Дестатис.

Производствените цени во најголемата европска економија во април оваа година се зголемија за само 0,1 проценти во споредба со истиот месец од минатата година, објави Дестатис.

Со тоа, растот на цената на годишно ниво дополнително забави, бидејќи во март растот изнесуваше 0,4 проценти, а еден месец претходно 1,2 проценти, се вели во соопштението на Дестатис.

Станува збор за најниската годишна стапка на инфлација од март 2010 година, кога производствените цени на годишно ниво се намалија за 1,5 проценти, се наведува во соопштението.

Ако се исклучи влијанието на цените на енергенсите, кои на годишно ниво се намалија за 0,7 проценти, производствените цени во Германија во април се зголемени за 0,4 проценти, објавува Дестатис.

На месечно ниво производствените цени во април продолжија по негативниот редослед трети месец по ред, намалувајќи се за 0,2 проценти, како и еден месец претходно, откако во февруари се намалија за 0,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП