Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,750.00 -0.67%    BESK 10,071.76 -1.98%    CEVI 1,099.00 -3.93%    GRNT 809.72 -0.03%    KMB 3,356.57 -0.98%    MTUR 4,300.00 2.38%    RMDEN16 94.90 0%    RZLV 51.00 2%    STB 940.49 -0.04%    STBP 601.00 0.17%    STIL 138.00 -0.74%    TEL 295.44 -1.52%    TETE 2,299.47 0.56%    TKVS 3,100.00 -0.32%    TPLF 1,699.87 3.03%    TTK 953.00 0.63%    UNI 2,050.00 0%    

Intel и AMD ги здружија силите за изработка на нова технологија (видео)

Време: 13:59

Датум: ноември 9, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Колку и да звучи насловот на оваа вест неверојатен, вистина е, двата големи ривали, „Intel“ и „AMD“ ги здружија силите во создавањето на нова технологија од која бенифит ќе има пазарот на лаптопи.

Новата технологија ќе ги соедини моќните процесори „Intel Core“ и графиката „AMD“, исто како онаа кај „Xbox One X“ конзолата, преку револуционерниот „Embedded Multi-Die Interconnect Bridge“ (EMIB), мал, но револуционерен мост кој на хетерогенот силикон му овозможува многу брз пренос на информации на многу мала дистанца.

Оваа вести ја исполнува главната цел на „Intel“, а тоа е изработка на ултра тенки лаптопи, кои од друга страна поседуваат импресивна хардверска моќ, и на корисниците им овозможуваат уживање во „AAA“ гејмингот и „VR“ содржини. Новата технологија исто така ја намалува комплексноста и трошоците за изработка, па така во иднина можеме да очекуваме значително моќни и лесни лаптопи по ниска цена.

Главниот менаџер на „AMD Radeon Technologies Group“ за оваа соработка изјави: „Нашата соработка со „Intel“ ја проширува постоечката база на „AMD Radeon“ графички картички и носи на пазарот променето решение на графиката со високи перформанси. Заедно им нудиме на гејмерите и креаторите на содржини можност да поседуваат тенок и лесен „PC“ уред способен да понуди големи перформанси во „AAA“ игрите и програмите за креирање на содржини. Oвој нов „semi-custom GPU“ ги става перформансите и можностите на „Radeon“ графиката во рацете на ентузијастите кои сакаат најдобро можно визуелно искуство“.

Овие две компании исто така заедно ќе учествуваат и во изработката на драјвери, со цел да станат достапни за сите нови игри на денот на нивното појавување.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Wall Street ја започнa сесијата со зголемувања

    Wall Street ја започнa сесијата со зголемувања

    Индексите на „Wall Street“ ја отворија денешната седница со зголемување благодарение најмногу на поддршката на технолошките компании и во очекување на извештајот од средбата на…

  • Жбогар: ЕУ ќе продолжи со финансирање на проекти во Македонија

    Жбогар: ЕУ ќе продолжи со финансирање на проекти во Македонија

    Местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, но тие треба да исполнат одредени услови кои се потребни за влез во Унијата. Поради…

  • Барселона ќе достигне 1 милијарда евра годишна продажба пред предвиденото

    Барселона ќе достигне 1 милијарда евра годишна продажба пред предвиденото

    Шпанскиот фудбалски клуб Барселона најверојатно ќе го достигне таргетот од 1 милијарда евра годишни продажби, во позадината на зголемувањето на приходите од телевизиските права и…

  • ОПЕК објави побрзо намалување на заситеноста на нафтата

    ОПЕК објави побрзо намалување на заситеноста на нафтата

    Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и дел од земјите производители надвор од неа (познати заедно како група „ОПЕК +“) утврдиле дека презаситеност на…

  • Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

    Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

    Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ организира втора научна трибина „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија“.  Оваа трибина за разлика од првата,…

  • Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

    Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби

    Општина Карпош ќе го „ослободува“ урбаното јадро од нови градби и истите планира да ги лоцира во периферните делови, како на пример Бардовци и Злокуќани,…

  • Луксузната јахта Nautor Ti-Coyo (фото)

    Луксузната јахта Nautor Ti-Coyo (фото)

    Оваа луксузно и квалитетно опремена јахта со должина од 31,7 метри има поморска архитектура која ја конструираше славниот германец Фрерс, додека „Beiderbeck Design“ работеше на…

  • Glencore објави раст на профитот од 44%

    Glencore објави раст на профитот од 44%

    Рударскиот гигант „Glencore“ најави повисоки плаќања кон акционерите, откако годишната добивка е зголемена во позадина на повисоките цени на суровините и најдобра презентација на трговската…

  • Ким Јонг-Ун одобри трансфер на северно корејскиот напаѓач во Јувентус

    Ким Јонг-Ун одобри трансфер на северно корејскиот напаѓач во Јувентус

    Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун даде дозвола за трансфер на корејската мега ѕвезда Хан Кван Сон во Јувентус. Деветнаесет годишниот напаѓач на Каљари е…

  • Екранизирани автентични настани и биографии во фокусот на „Берлинале“ – мајсторски „оживеани“ Роми Шнајдер, Џон Калахан

    Екранизирани автентични настани и биографии во фокусот на „Берлинале“ – мајсторски „оживеани“ Роми Шнајдер, Џон Калахан

    Берлинската улица „Постдамер“ и објектите „Берлинпалас“, хотелот „Хајат“ и кино-салите во „Синемакс“ и „Синестар“ уште неполни четири дена ќе бидат во објективот на најважните филмски…