Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 540.00 -1.82%    ALK 7,350.00 -0.51%    BESK 10,300.00 0%    CEVI 912.00 0%    FERS 57,750.00 -2.94%    GRNT 801.00 -2.95%    KJUBI 1,400.00 -2.78%    KMB 2,700.00 0%    LOTO 600.00 0%    MPT 26,900.00 -0.37%    MTUR 4,224.00 3%    OHB 4,851.54 -0.17%    REPL 54,800.00 0.37%    RMDEN11 96.00 -0.62%    RMDEN13 96.40 1.47%    RMDEN15 95.00 0.05%    STBP 600.00 -0.17%    TETE 1,938.00 4.76%    TNB 13,500.00 -0.01%    TTK 816.00 0.38%    UNI 1,905.00 0%    ZPKO 2,600.00 -2%    

Интервју со Радмила Чобанова Василевска, Директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара

Време: 13:35

Датум: ноември 9, 2017

Категорија: ИНТЕРВЈУ

Денар: Поводот за ова интервју е Меѓународниот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во месец ноември. Во оваа насока, што сѐ презема Битолска млекара за да осигура квалитетни производи?

Квалитетот е одговорност на секој вработен во Бимилк. Секој вработен го разбира значењето на квалитетот и го вградува со своето искуство во секој наш производ. А, пак, Секторот за контрола на квалитет е задолжен за мониторинг на сите процеси кои на кој било начин учествуваат во создавањето на квалитетен и безбеден производ.

Под поимот „квалитет“ не се подразбира само квалитетен производ, туку квалитет во сите процеси на работењето на компанијата (односите со купувачите и добавувачите), но и квалитет на самата организација (односот со вработените, ресурсите и работната култура). Системите за управување со квалитет во Бимилк се така поставени да овозможуваат следење на сите процеси и активности, почнувајќи од набавка, преку производство, па сѐ до дистрибуција и продажба. Сите процеси во овој ланец се покриени со Системите за управување со квалитет, преку процедури и записи кои подоцна можат да послужат за развој на нови идеи, унапредување на маркетинг активностите, покриеноста на пазарот и сл. Во процесот на реализација на квалитетен производ се вклучени сите вработени, така што секоја алка во ланецот на производство носи со себе дел од одговорноста. Оттука, убедена сум дека денес купувачите знаат да го препознаат квалитетот на полица.

Како лидери на пазарот со млеко во Македонија, ние сме обврзани и со постојано унапредување на ефикасноста на Системите за управување, согласно стандардите кои ги имаме имплементирано и сертифицирано, а воедно континуирано развиваме и добра производна и хигиенска пракса.

Денар: Меѓународниот ден на квалитет е можност компаниите да го согледаат постигнатото, но и да дејствуваат во насока за подобрување на перформансата, производството. На кој начин вашата компанија досега го има одбележано овој ден?

Традиционално, секоја година, Бимилк ги одбележува деновите на квалитет преку различни активности. Пред неколку години во рамките на неделата на квалитет ја организиравме манифестацијата „Отворен ден, отворени врати” за сите заинтересирани граѓани, фирми и бизнис-партнери, со тоа им овозможивме на купувачите одблизу да се запознаат со процесите на производство и контрола.

Како општествено одговорна компанија, која произведува квалитетни и безбедни производи, со оваа своја активност всушност им овозможивме директно ги информиравме граѓаните за производството на познатите млечни производи. Посетителите имаа можност да се запознаат со условите на производство, каде годишно се преработуваат над 40 милиони литри млеко, како и да бидат информирани за современата и софистицирана технологија која ни овозможува во континуитет да произведуваме повеќе од 54 различни производи.

Денар: Што значи да се биде директор за контрола на квалитет? Што сè влегува во вашата ингеренција?

Моите обврски опфаќаат координација на работните активности во интерната лабораторија, дефинирање на плановите за квалитет, креирање политика за квалитет, обука на тимот, па сѐ до одржување на стандардите за квалитет. Сета моја ингеренција е со цел да осигураме квалитетен и безбеден производ кој ги задоволува барањата на Законот, а секако и очекувањата на нашите лојални купувачи. Кога станува збор за квалитетот компромис нема.

Моја цел и одговорност е секогаш обезбедување на стандарден производ со врвен квалитет, преку истражување и поставување на стандарди за квалитет и безбедност. За разлика од другите прехранбени производи, каде што доколку ги следите процедурите на крај секогаш резултатот е ист, производството на млечни проозводи поминува низ многу технолошки чекори и оттука предизвикот е уште поголем: да се најде  начин сето тоа да се исконтролира и избалансира во производ кој нуди уживање кај конзументите и препознатливост на брендот.

Бимилк и натаму ќе го следи трендот „да се биде најдобар“. Моја цел е истовремено да произведеме и производи со додадена вредност и функционалност, а во интерес на здравјето на конзументите.

Денар: Бимилк ја има лидерската позиција во млекарската индустрија во Македонија, и според квалитетот и според својот асортиман. По што се одредува квалитетот првенствено на суровото млеко и какви сѐ контроли се спроведуваат за на крајот да имаме и квалитетни млечни производи?

Во рамките на млекарницата работи и интерна лабораторија за хемиска и микробиолошка контрола. Процесот на контрола е поделен во три фази. Првата е приемна контрола, каде се тестира суровото млеко на повеќе од десет параметри. Само она млеко што е усогласено според нашите интерни спецификации и планови за квалитет, добива зелено светло да влезе во процес на преработка. Приемната контрола подразбира и контрола на сите репроматеријали и суровини што доаѓаат од нашите добавувачи.

Второ ниво на контрола е процесната контрола, каде што ги анализираме меѓупроизводите во повеќе контролни точки. Третата и последна контрола е финалната хемиска и микробиолошка контрола, по што се прави анализа на сите добиени резултати и се носи одлука за „ослободување“ на производот за испорака.

Кога станува збор за испитување, сакам да споменам дека имаме и одлична соработка со екстерни лаборатории кои што работат според акредитирани методи и често пати за верификација ги користиме и нивните услуги.

Денар: Кои сè стандарди ги има имплементирано Битолска млекара и сметате ли дека илјадниците верни потрошувачи го сметаат сертифицирањето како гаранција за висококвалитетни и безбедни производи?

Ориентацијата кон производство на безбедни производи, заштитата на животната околина и обезбедувањето на здрава работна средина на вработените, Бимилк ја потврди со воведувањето на најстрогите интeрнационални стандарди кои што значително ја издвојуваат компанијата на домашниот и регионалниот пазар од конкуренцијата.

Секој од стандардите има своја предност, но генерално сите се темелат на униформност, дефинирање на одговорности и овластувања, транспарентност на сите барања и процеси, комуникација на сите нивоа и константно усовршување на вработените.

ISO 9001 поставува добра основа во организацијата со цел следење на ефикасноста, како и идентификување на пропустите и спроведување на мерки за унапредување.

ISO 22000 е стандард на кој акцентот е производство на безбеден производ. Тој обезбедува стандардизирање на процесите, со што се намалуваат/елиминираат можните отстапувања. Доколку дојде до отстапување, овој систем е така поставен да овозможи лесна идентификација на местата каде настанала евентуалната неусогласеност, на основа на што понатаму се дефинираат мерки и се следи нивната ефикасност.

Од неодамна го имплементиравме и престижниот BRC стандард, за квалитетно и безбедно производство, што има цел да го олесни пристапот до значајните трговски ланци и е наменет за подобрување на комуникацијата меѓу производителите на храна и големите европски ланци на маркети.

Со сертификацијата, пак, на ISO 14001, покажавме дека работиме на еколошки одговорен начин, усогласен со релевантните закони и со тоа всушност даваме пример и придонес за заштита на животната средина.

Ние сме општествено одговорна компанија која води грижа и за своите вработени, бидејќи само доволно мотивиран работник кој се чувствува безбедно на своето работно место може најефикасно да си ја заврши својата работна задача. Потврда за нашата посветеност и на оваа тема е OHSAS сертификатот.

Денар: На кои принципи се темели вашата политика за квалитет?

Врз основа на идентификација, анализа на ризиците и воспоставениот систем за управување со процесите, како и со ризиците и можностите, систематски ги контролираме потенцијалните опасности кои можат да ја загрозат безбедноста на суровините, адитивите, амбалажата, производите, услугите,  како и  работната околина и животната средина.

Работиме на развој на млекопроизводството преку воведување на современи техники и технологии, изградба на нови фарми, едукација на фармерите за  да се обезбедат доволни количини на сурово млеко со квалитет кој ги задоволува највисоките светски стандарди.

Се залагаме за здрава животна средина и спречување на загадувањето на околината, спречување на повреди на работните места и опасностите по здравјето, како на вработените, така и на сите присутни во работната средина.

Ги почитуваме сите релевантни законски и други барања кои се применливи во нашето работење и локација.

Континуирано работиме на унапредување на знаењето, свесноста и компетентноста  на вработените за ефикасна работа и за значењето, одговорноста и улогата на нивните активности врз квалитетот и безбедноста на нашите производи, како и свеста за здрава и безбедна работна и животна средина.

Одржуваме коректни партнерски односи со нашите добавувачи на производи и услуги, со позитивно влијание врз нивниот развој и евалуација на нивните перформанси поради квалитетно и навремено обезбедување на суровина, опрема и услуга, а притоа водејќи грижа за животната средина, како и за здравјето и безбедноста при работа.

Со помош на воспоставените методи за мониторинг и мерење на перформансите на процесите, како и нивното влијание на животната и работната средина, вршиме валидација и унапредување на ефикасноста и ефективноста на процесите во системите. Работните задачи кои го поддржуваат системот за управување, ги исполнуваме со најмали можни трошоци и минимално негативно влијание врз животната средина. Соработуваме со сите заинтересирани страни поради позитивен ефективен придонес за унапредување на животната и работната средина.

На крајот, политиката и целите транспарентно ги соопштуваме и објаснуваме на вработените, на купувачите, како и на сите други заинтересирани страни. Оваа Политика претставува рамка за воспоставување и ревидирање на целите, а раководството на Бимилк има целосна одговорност за обезбедување соодветни ресурси и следење на нивното спроведување.

Денар: За крај, би можеле ли да одвоите една работа по која Бимилк се одвојува од конкуренцијата од аспект на контролата на квалитетот?

Пред сѐ, би ја споменала етиката што ја применуваме во сите процеси на работа во контрола на квалитет. Понатаму, по начинот на кој допираме до купувачите, преку една јасна и транспарентна комуникација за автентичноста на производот и на самата декларација, а секако и преку желбата за менување на лошите навики кај потрошувачите преку едукација и осознавање на важноста на функционалната храна и здравиот начин на живот, а со тоа да помогнеме и во креација на здрави генерации.

Тука би го споменала и развојот на производи кои што имаат здравствени придобивки кај консументите и Баланс+ кој е одличен симбиотик со многи клинички истаржувања кои тоа го докажуваат. Сето тоа нѐ прави лидери и чекор пред другите.

Тајна за успех нема, а предуслов е континуирано и професионално надградување. Технологијата и управувањето се динамични процеси кои бараат следење во чекор со најдобрите, но некогаш се бара да се биде и чекор пред нив. Тоа е и мисијата на Бимилк и моја задача како менаџер во компанија која е лидер.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Секогаш се трудиме да ги надминеме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи! Денар: Зошто Рамсторе е прв избор на потрошувачите? За време на нашето дванаесетгодишно…

  • Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Денар: Како ја оценувате макроекономската состојба во Македонија? Макроекономската состојба во Македонија во првата половина на 2017-та година во голема мера беше под влијание на политичката…

  • Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Илирика како врвна финансиска институција нуди високо ниво на инвестициски услуги кои покрај разните предизвици секогаш е доследна во своите стратегии кои резултираат со долгорочни…

  • Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Денар: Skopje City Mall е нашиот најголем трговски центар, чија работа и функционирање мора постојано да ја следите. Како се справувате со оваа задача, односно…

  • Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Денар: Овој месец Skopje City Mall слави 5 години постоење и за овие неколку години успеа да се позиционира како лидер на пазарот. Што е…

  • Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Задоволните и лојални клиенти се нашиот најголем успех и сатисфакција Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија кој утре слави 5 години…

  • Интервју со Тома Аргир – техничкиот и оперативен директор на Skopje City Mall

    Интервју со Тома Аргир – техничкиот и оперативен директор на Skopje City Mall

    Денар: Сите добро го познаваме Skopje City Mall однадвор, но ретко кој ги знае техничките работи потребни за функционирањето на еден трговски центар. Што всушност…

  • Интервју со г. Филип Поповски, Генерален Секретар на ФФМ

    Интервју со г. Филип Поповски, Генерален Секретар на ФФМ

    Со изградбата на стадионот “Младост” во Струмица добивме нов репрезентативен терен според високите стандарди на УЕФА Денар: Помина скоро еден месец  од организацијата на Скопје…

  • Интервју со Петер Скварча, извршен директор на Сава Осигурување

    Интервју со Петер Скварча, извршен директор на Сава Осигурување

    Денар: Се поактуелни стануваат темите поврзани со осигурувањето. Какво е вашето мислење? Каде е осигурувањето во Македонија, каде сте вие на пазарот? Одговор: Задоволни сме…

  • Интервју со Марија Михаилова – менаџер за контрола на квалитет во Макпрогрес Виница

    Интервју со Марија Михаилова – менаџер за контрола на квалитет во Макпрогрес Виница

    Макпрогрес е компанија која работи по највисоките стандарди за квалитет и безбедност на производите Денар: Како една од најголемите прехранбени индустрии на пазарот, која постојано…