Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 534.00 -1.11%    ALK 7,277.39 -0.99%    GRNT 780.00 -0.44%    KMB 2,630.26 -1.28%    LOTO 582.00 -3%    MPT 26,337.50 -0.03%    OHB 4,600.00 -5.18%    RMDEN14 92.20 0%    RMDEN15 94.90 -0.11%    SBT 1,928.00 -2.97%    STB 916.57 -0.33%    TEL 270.00 -0.71%    TNB 13,407.59 -0.48%    TPLF 1,560.00 -1.48%    ZPKO 2,601.00 0%    

Македонски Телеком ги објави резултатите за првите девет месеци од 2017 година

Време: 11:54

Датум: ноември 9, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

  • Водечка позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 59,2 отсто
  • Нето добивката е зголемена за 62,4 отсто и изнесува 1.159 милиони денари
  • Пораст од 7 отсто во делот на IPTV и база од 114,2 илјади корисници

Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите девет месеци од 2017 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Приходите од продажба во првите девет месеци од 2017 година изнесуваат 7.657 милиони денари, што претставува намалување за 2,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Нето добивката за првите девет месеци од 2017 година е зголемена за 62,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира во нето добивка од 1.159 милиони денари.

На крајот од првите девет месеци, Македонски Телеком има 59,2 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 46,1 отсто во делот на широкопојасниот интернет, согласно интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 10,5 отсто споредено со истиот период од 2016 година, со бројката од 211 илјади корисници Македонски Телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV на крајот од првите девет месеци од 2017 година се зголемени за 2,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Базата на DSL корисници бележи благо намалување од 0,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189,5 илјади претплатници на широкопојасен интернет.

Македонски Телеком во првите девет месеци од 2017 година оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно IPTV услугата. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултира со база од 114,2 илјади корисници на IPTV на крајот од првите девет месеци или зголемување од 7 отсто во споредба со истиот период од 2016 година, со што Македонски Телеком има 27,3 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 49,3 отсто, според интерните податоци. Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите девет месеци од 2017 година се намалени за 4,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на намалените цени на националниот дојдовен мобилен сообраќај во терминација, комбинирано со зголемениот обем на сообраќај, како и на намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација, компензирано со зголемувањето на приходите од пост-пејд. Приходите од неговорни услуги пак, се зголемија за 23,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем податочен сообраќај, како и од зголеменото користење на податочни тарифни модели.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Разочарувачкиот извештај на Rovio ги намали акциите за речиси 20%

    Разочарувачкиот извештај на Rovio ги намали акциите за речиси 20%

    Создавачот на играта „Angry Birds“ – „Rovio Entertainment“, не успеа да ги исполни пазарните очекувања за приходите од продажбата и профитот за кварталот. Ова доведе…

  • Божиновски: Зошто само еден ден, кога може да биде цела недела

    Божиновски: Зошто само еден ден, кога може да биде цела недела

    Во духот на кампањата „Победи го времето, живеј го моментот“, Божиновски часовници и накит реши да се обиде да излезе од рамката на Black Friday…

  • „Епл“ потврди дека експлоатирала кинески средношколци

    „Епл“ потврди дека експлоатирала кинески средношколци

    Компанијата „Епл“ потврди дека ангажирала ученици од стручни кинески училишта што работеле на производство на делови за „ајфон“ во фабриката на „Фокскон“. Според сознанијата што…

  • Невиден интерес за Black Friday во Skopje City Mall(фото)

    Невиден интерес за Black Friday во Skopje City Mall(фото)

    Денес во Skopje City Mall започна најголемиот шопинг настан – Black Friday&Wekeend. Уште од раните утрински часови трговскиот центар се наполни со посетители нестрпливи први…

  • Lyft доби уште 500 милиони долари финансирање

    Lyft доби уште 500 милиони долари финансирање

    Ривалот на „Uber“ – „Lyft“, доби дополнително финансирање во износ од 500 милиони долари, покажуваат документи поднесени од страна на компанијата во САД, пренесува „Ројтерс“.…

  • Разговор со г-дин Сашко Даев, генерален менаџер на РЕХАУ – ПВЦ прозорци и нивна примена

    Разговор со г-дин Сашко Даев, генерален менаџер на РЕХАУ – ПВЦ прозорци и нивна примена

    Се сеќавате ли на времето кога имаше само дрвени прозорци, кои со текот на годините „ дуваа “ од сите страни . Како редовното оружје…

  • Ако сте подготвени за модерно живеење Џевахир Скај Сити е вистинскиот избор

    Ако сте подготвени за модерно живеење Џевахир Скај Сити е вистинскиот избор

    Комплексот нуди најубав поглед на градот и уникатен и модерен начин на живот, комплетно организиран и подреден на потребите на станарите За сите оние кои…

  • Штрајкови го заплашуваат Black Friday за Amazon во Германија и Италија

    Штрајкови го заплашуваат Black Friday за Amazon во Германија и Италија

    Гигантот во онлајн трговијата „Amazon“ се соочува со тежок „Black Friday“ во Италија и Германија, каде персоналот на дистрибутивните центри на компанијата ќе штрајкуваат денес,…

  • Банките укажуваат дека „Кунико“ може да исплати плати и покрај блокираната сметка на „Фени“

    Банките укажуваат дека „Кунико“ може да исплати плати и покрај блокираната сметка на „Фени“

    „Кунико“ може да исплати плати и покрај блокираната сметка на „Фени“, реагираат банките доверители на „Фени индустри“. „Кунико ќе може да биде релевантен соговорник во…

  • Лондон сака да се ослободи од дел од своите акции во RBS

    Лондон сака да се ослободи од дел од своите акции во RBS

    Велика Британија планира да го намали државното учество во спасената банка од даночните обврзници „Royal Bank of Scotland“ (RBS). Државата има намера да ги продаде…