29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Aquapura Duoro Valley хотел (фото)

Посетете го луксузниот Aquapura Duoro Valley хотел (фото)

Овој луксузен хотел е отворен во 2007 година, и како свое главно обележје го претставува современиот и префинетиот дизајн, со внимание кое е посветено на деталите и егзотичната уметност…

Сместен на брегот на реката Дуро, овој хотел е вистински рај на земјата, а се наоѓа во еден од најсликовитите делови на Португалија и е опкружен со лозја и зелени брда.

Хотелот, кој е сместен на имот од осум хектари, има 50 соби и апартмани, 21 вила, спа центар, два ресторани, бар и уште еден бар покрај базен, винарија, библиотека, отворен базен како и бројни терени за спортски активности. Покрај сето ова, тука е и феноменалната конференциска сала за деловни состаноци, како и петте хектари бујна зелена шума.

Со оглед на тоа дека ова е еден од најстарите региони во светот во однос на винариите, виното овде игра многу важна улога во рестораните во овој луксузен хотел. Традиционалните „Duoro“ вина претставени се овде на најдобар можен начин.

Што се однесува до храната, овде сите традиционални вкусови кои сите ние ги сакаме се претставени на нов и современ начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП