28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од Персискиот залив со заедничка валута

Земјите од Персискиот залив со заедничка валута

persiski zaliv

Шест земји од Персискиот залив би требало да го реализираат планот за воведување на единствена валута, слична на онаа која ја користат 17-те земји кои за валута го користат еврото.

Ова го истакна поранешниот главен економист на Меѓународниот финансиски центар во Дубаи, Насер Саиди.

Саиди во интервјуто за неделникот од Дубаи (Арабиан Бизнис) истакнал дека Советот за заливска соработка (ГЧ), чии членки се Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Оман, се многу постабилни од еврозоната, која длабоко е навлезена во кризата.

„Земјите на ГЧ немаат големи макроекономски разлики како европските земји“, изјави Саиди, поранешен министер за економија во Либан, кој моментално работи како независен економист.

Планот за воведување на заедничка валута во земјите на ГЧ се разгледува веќе десет години, но тој неколку пати бил одложен. ГЧ, чии земји поседуваат околу 60 проценти од светските резерви на нафта, сеуште не го одреди рокот за реализација на тој план.

Саиди додаде дека земјите од ГЧ имаат ниска стапка на долгови, мали буџетски дефицити, голема количина девизни резерви и огромни природни ресурси, со што потврдува дека воведувањето на заедничка валута има смисла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП