28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде становите се најмногу преценети?

Каде становите се најмногу преценети?

france1

Становите во Франција се најпреценети во Европа во однос на приходите на домаќинствата, покажа најновото истражување на Економист.

Истражувањето покажува дека изнајмувањето на стан во Франција е преценето за 39 проценти од реалната цена, а цената по метар квадратен за станови за продажба за 34 проценти.

Студијата покажа дека според односот на кириите и приходите на домаќинствата, Франција е најлошо класифицирана земја, пренесува францускиот Фигаро.

Во Велика Британија, на пример, наемнините се преценети за 19 проценти, а во Шпанија за 15 проценти. Од почетокот на хипотекарната криза, 2007 година, цените на становите во повеќето европски земји се намалени, во Шпанија за 26,5 проценти, во Холандија за 16,5 проценти, во Велика Британија 11,4 проценти, додека во Франција, во истиот период се зголемиле за 1,1 процент.

На кратко, според Економист, постои вистински балон кај недвижностите во Франција, но ако им се верува на француските агенции за недвижнини, тој не е блиску до напукнување, наведува весникот.

По падот од 1,9 проценти минатата година, цените на недвижнините не би требало да се намалат за повеќе од три проценти во оваа година.

Сепак, се чини дека Франција не е единствената земја во светот која балонот кај недвижнините не ја загрижува премногу.

Во Канада, наемнините се преценети за дури 73 проценти, а цената по метар квадратен за 32 проценти. Во Хонг Конг, исто така има загрижувачка ситуација,  со преценување на кириите од  81 процент, и со зголемување на цените на недвижностите за 109 проценти, од крајот на 2007 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП