19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата поскапе во очекување на извештајот на претседателот на ФЕД

Нафтата поскапе во очекување на извештајот на претседателот на ФЕД

Oil

Нафтата поскапе денеска на светските берзи во очекување на утрешниот говор на претседателот на американската Управа на федералните резерви (ФЕД), Бен Бернанки, кој ќе се осврне на состојбата на економијата во САД.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јуни поскапе на Њујоршката стоковна беза за 16 центи на 96,87 долари за барел, додека во исто време во Лондон цената на европскиот „брент“ од Северното Море се зголеми за 25 центи на 105,05 долари за барел.

Бернанки утре ќе се обрати пред членовите на Економскиот комитет на Конгресот на САД, при што ќе ги презентира најновите прогнози на ФЕД за перспективите на американската економија и за глобалната потрошувачка на нафта.

Аналитичарот на австралиската компанија „Си-Ем-Си Маркетс“, Мајкл Мекарти оцени дека берзите го очекуваат излагањето на Бернанки со цел да дознаат до кога централната банка на САД ќе и пружа  поддршка на економијата преку програмите за квантитативна лабава монетарна политика.

Според Мекарти, инвеститорите ги очекуваат и најновите податоци за нивото на резерви на нафта во САД.  – Во глобалната слика на побарувачката ништо реално не е променето, нагласува Мекарти.

Цените на нафтата пораснаа минатата недела по објавувањето на резултатите за растот на потрошуачката доверба во САД, кој беше поголем од предвидувањата, што ги подгреа надежите за можно зголемување на потрошувачката на енергенси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП