19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимание: Чоколадото е пред исчезнување

Внимание: Чоколадото е пред исчезнување

Ова е перспектива која плаши многумина. За време на Саемот на чоколадото во Париз професионалци во секторот беа обединети во врска со опасностите кои произлегуваат од затоплувањето на климата за производството на какао за 20 години.

„Има реален ризик од недостиг“, предупредува Кристијан Сила, агроном од Центарот за меѓународна соработка во агрономските истражувања за развој, цитиран од францускиот весник „Parisien“.

Зголемената побарувачка и значајното уништување на шумите

Производителите се особено загрижени за сушата во Африка која влијае на двете најголеми земји-производители – Брегот на Слоновата Коска и Гана. Сушата може да биде растечки феномен во наредните години.

Последиците од ова се помали зрна од какао, кои ќе дадат помалку масло од какао путер.

Кон тоа алармантна состојба се додава и вирусот на забрзаниот раст, кој влијае на дрвата какао. Оваа болест „се пренесува од инсекти кои сакаат сува воздух“, прецизира Кристијан Сила.

„Parisien“ додава дека побарувачката расте постојано во последните години, благодарение главно на индискиот и кинескиот пазар. За да одговорат, какаото и понатаму расте и се шири во Западна Африка, Индонезија, Мексико и Доминиканската Република.

Во овие земји постои и масовно уништување на шумите, кое го забрзува затоплувањето на климата. Повеќе од 80% од шумите во Брегот на Слоновата Коска исчезнаа помеѓу 1960-та и 2010-та година.

„За сега, културата се одржува на задоволително ниво, бидејќи продолжува проширувањето на земјиштето резервирано за овие растенија. Но, климатските промени може уште повеќе да го влошат проблемот“, вели Кристијан Сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП