19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалување на цената на природниот гас за компаниите

Намалување на цената на природниот гас за компаниите

BP_MakPetrol_Tetovo_01

Компанијата Макпетрол а.д. Скопје, објави дека ќе ја намали цената на природниот гас наменет за стопанството за 6,23 денари и цената ќе изнесува 30,03 денари за кубен метар од досегашните 36,26 денари.

Споредено во однос со минатиот месец, намалувањето изнесува 17,18 проценти.

Макпетрол а.д. Скопје, причината за намалување ја наведува поради пониската набавна цена на гасот за првиот квартал од годинава, за 14,3 отсто во однос на четвртиот квартал од минатата година. Односно цената за 1000 кубни метри гас за првиот квартал од оваа година изнесува 496 долари за разлика од четвртиот квартал од минатата година, кој изнесуваше 579 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП