19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПолесен и побрз: Porsche има нов модел - 911 Carrera T (фото+видео)

Полесен и побрз: Porsche има нов модел – 911 Carrera T (фото+видео)

„Porsche“ им понуди на купувачите уште еден „дериват“ на војот најпознат модел „911 Carrera“.

„Porsche 911 Carrera Touring“ (T) е замислен како полесна, „возачка“ верзија на „911“.

Отстранети се некои делови кои за вистинските љубители на спортското возење не се од пресудно значење, како што е мултимедијалниот систем и задната, главно бескорисна клупа, па така масата на возилото е намалена на 1.425 kg.

Интересно е тоа дека во „Porsche“ се подготвени, по желба на купувачите и без дополнителни трошоци, да ги вратат овие елементи во автомобилот, пред испораката, доколку сопственикот тоа го сака.

Производителот со цел намалување на масата на автомобилот отстрани и дел од звучната изолација во кабината, но не е предвидена можноста таа повторно да биде вградена, па возачот ќе „мора“ да ужива во посилниот звук на моќниот шестцилиндарски мотор.

Во однос на стандардниот „911 Carrera“, „T“ верзијата има уште некои додатоци, како што е „PASM“ (Porsche Active Suspension Management) системот, кој го намалува автомобилот на патот за 20 mm.

Тука е и оптимизираниот „Sport Chrono“ пакет и скратената рачка на мануелниот менувач, кој и самиот има пократки преноси.

На купувачите како дополнителна опција им е понуден систем за усправување на сите 4 тркала, што не е достапно на стандардната „911“.

За погон е употребен истиот 3.0-литарски би-турбо со 6 цилиндри, 370 ks (272kW) и 450 Nm, како и во регуларната верзија на „Porsche 911 Carrera“. Сепак, благодарејќи на помалата маса и подобрениот преносен систем, „911 T“ е постартен, па верзијата со мануелен менувач од 0 дo 100 km/h забрзува за 4,5 секунди, a дo 200 на час стигнува за 15,1 секунди.

Максималната брзина на автомобилот е преку 290 km/h.

Иако е наменет пред се за автомобилските ентузијасти кои го ценат класичниот „рачен“ менувач, „911 T“ може да се испорача и со изборен автоматизиран „PDK“ менувач со двојно квачило.

Опремен со ваквиот преносен систем, автомобилот има уште подобри перформанси – до стотка стигнува за само 4,2 секунди, a oд 0 дo 200 km/h му е потребно 14,5 секунди.

„Porsche 911 Carrera T“ е поставен на 20 инчни тркала позајмени од помоќната „Carrerа S“.

Почетната цена на овој модел во Германија е 107.533 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП