19 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКина може да стане лидер во 5G технологијата

Кина може да стане лидер во 5G технологијата

Следната револуција во мобилната технологија се чини дека ќе е водена од Кина.

„5G“, петтата генерација на мобилната мрежа, се уште не постои, но има за цел да донесе побрзи брзини за пренос на податоци и повеќе широкопојасен интернет кој ќе се справи со зголемените нивоа на веб сообраќај, пишува „CNBC“.

Аналитичарите од „CCS Insight“ предвидуваат дека оваа технологија ќе проработи до 2020-та година и во извештајот се наведува дека до 2023-та година ќе има над 1 милијарда корисници на „5G“. Повеќе од половина од нив ќе бидат сместени во Кина.

„Кина ќе доминира во „5G“ благодарение на политичките амбиции да води во технолошкиот развој, значителниот раст на локалниот производител „Huawei“ и исклучителната брзина со која корисниците се насочија кон „4G“ конекциите“, коментира Марина Коjчева, потпретседател за прогноза во „CCS Insight“.

„CCS Insight“ тврди дека „5G“ ќе биде побрз од било која друга претходна мобилната технологија, а САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе се борат за пуштање на првата комерцијална мрежа.

Точните спецификации на технологијата за „5G“ претстои да бидат одобрени на меѓународен план и се уште има неколку непознати околу неа. Во нив влегуваат како и каде мрежните оператори ќе поставуваат голем број нови базни станици, недостатокот на јасен бизнис модел за операторите, како и корисничката желба да избираат нови смартфони, посочуваат од „CCS Insight“.

Во Европа пазарната фрагментација, пристапот до спектарот и влијанието на регулаторите претставуваат дополнителни предизвици.

Но, неколку технолошки компании се обидуваат да покажат напредок во „5G“. Производителот на чипови „Qualcomm“ оваа недела изјави дека ќе го покаже првиот мобилен телефон кој работи на „5G“. За таа цел, таа го користеше својот чип „Snapdragon X50 NR“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП