19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Најпочитуваните компании во светот

График на денот: Најпочитуваните компании во светот

Рангирањето „Forbes Global 2000“ е добро познато годишно задолжително деловно читање.

Оваа година за прв пат „Forbes“ се обединува со „Statista“ за да го однесе проектот уште еден чекор напред, идентификувајќи ги топ 500 најдобрите светски работодавци, топ 250 на најпочитуваните компании, топ 250 на најдобрите претставници на мултинационалните компании и топ 250 од најбрзо растечките компании меѓу глобалните 2000 лидери.

„Statista“ подготви глобално истражување меѓу 15.000 учесници кои ги оцениле компаниите по индикатори како доверба/чесност, социјално однесување, компанијата како работодавач и презентација на производот или услугата на компанијата.

61 американски и 42 јапонски компании се присутни во рангирањето за најпочитуваните компании во светот за 2017-та година, но и покрај тоа германската компанија „Siemens“ ја предводи листата.

Освен што е најголемата индустриска компанија во Европа со вкупно 351.000 вработени, продажбата на „Siemens“ изнесуваат 90 милијарди долари, а профитот е 6,4 милијарди долари за минатата година. Концернот поседува и средства од 150 милијарди долари и пазарна капитализација од 119,7 милијарди долари. Француската компанија „Michelin Group“ е на второ место меѓу најреномираните компании, а компанијата мајка на „Google“ – „Alphabet“, ја оформува челната тројка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП