25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕPrimm Ranch- веројатно најелегантниот ранч (фото)

Primm Ranch- веројатно најелегантниот ранч (фото)

Primm Ranch е многу простран, неверојатен, но изненадувачки елегантен имот. Зазема простор од 10 хектари и е дело на фантазијата на Гери Прим. Во ноември, тоj ќе биде продаден на аукција, а содржи главна вила со 1.500 квадратни метри простор со шест бањи и мастер апартман кој има приватна сауна и теретана.

Новите сопственици на овој имот ќе можат да уживаат и во вилата за гости која има 300 квадратни метри, а персоналот кој ќе работи на одржување на имотот има своја одвоена куќа од 150 квадратни метри. Во целиот имот има дванаесет спални соби и дванаесет бањи, лифт, соба за трофеи, приватно кино и простран вински подрум со соба за дегустација, а ќе ги забележите и елегантните елементи кои ја оправдуваат неговата висока цена од 14,5 милиони долари.

Исто како и што очекувавме, имот како овој да има и соба за игри, која поседува билјард, бар и камин. Ранчот поседува и изложбен салон за дваесетина автомобили, во кој се наоѓа и перална за автомобили и две пумпи.

Со оглед на тоа што ова е ранч, шталите за коњи, како и посебниот заграден простор за овие елегантни животни е централен дел од целата приказна. Посебен шлаг на тортата е големата арена за организирање на трки и приредби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП