19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоверителите се враќаат во Грција со стравувања за неостварени реформи

Доверителите се враќаат во Грција со стравувања за неостварени реформи

Претставници на институциите, давателите на заеми за Грција, се враќаат во Атина за подготовките на третиот преглед на извршувањето на буџетот на земјата, а стравувањата се дека само 20% од очекуваните реформи се веќе реализирани, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Извор на весникот наведува дека еден од сценаријата за време на прегледот на третата програма ќе биде одбивање на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да учествува во програмите за Грција.

Друга опција ќе биде да се земат предвид барањата на институцијата – за некои мерки за долгот на земјата, како и оценка на активностите на банките, за да се обезбеди корисникчко учество на ММФ во спасувачката програма.

Во однос на реформите владата направила некои од најтешките чекори во областа на пазарот на трудот и даночните промени, но остануваат уште предизвици, меѓу кои и очекуваната од кредиторите забрзување на приватизацијата. Многу малку е направено во смисла на лоши кредити на банките, веруваат доверителите на Атина.

Во исто време, владата планира да одвои 1 милијарда евра од буџетскиот вишок за луѓето со ниски примања, за кои исто така се грижат меѓународните институции.

Во Атина се надеваат третиот преглед на спасувачката програма да заврши побрзо, што ќе биде силен сигнал за пазарите и инвеститорите дека земјата има тргнато  по патот на закрепнување и како целина ситуацијата е мирна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП