28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравјето е во јаткастите плодови

Здравјето е во јаткастите плодови

Доколку сакате да се храните поздраво, исхраната збогатете ја со јаткастите плодови кои се богати со протеини, минерали, омега 3 масни киселини, како и витамини.

Јаткастите плодови повеќекратно се корисни за здравјето, па така го штитат срцето, ја зајакнуваат косата, ноктите, кожата, ја подобруваат концентрацијата и помнењето, но и го зголемуваат и либидото. Ви откриваме што се се крие во јаткастите плодови.

Ореви – Содржат омега 3 масни киселини, витамин Е и Ц, калциум, магнезиум и железо. Благодарение на високата енергетска вредност, се препорачуа дневно да се консумира една мала шолја ореви.

Костени – Богати се со витамини, Ц, К и Б1, калиум, калциум, фосфор и железо. Бидејќи содржат малку масти, калориски се повеќе прифатливи, но содржат и многу скроб поради кој тешко се варат.

Лешници – Богати се со витамините Ц и Е, калциум, магнезиум, железо, бакар и манган поради што се одличен избор за лица кои страдаат од киселини.

Кикирики – Богати се со витамини Д и Е, магнезиум, цинк, како и фолна киселина поради што се препорачливи за бремените жени.

Бадеми – Тие се добар извор на витаминот Е, фосфор, железо, магнезиум, цинк, селен, бакар, и ниацин. Бадемот е меѓу најхранливите јаткасти плодови, а содржи најмногу калциум од сите други јаткасти плодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП