20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМало забавување на руската економија

Мало забавување на руската економија

Економското закрепнување на Русија од двегодишната рецесија, која заврши во 2016 година, забави во третиот кватал, изјави рускиот министер за економија Максим Орешкин.

„Бруто домашниот производ (БДП) на Русија порасна за 2,2 проценти на годишно ниво во периодот јули-септември“, изјави Орешкин во текот на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува агенцијата Франс прес.

Во вториот овогодишен квартал, растот на БДП достигна 2,5 проценти на годишно ниво, според податоците на руската агенција за статистика Ростат, која во наредните недели ќе ги објави официјалните податоци за третиот овогодишен квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП