19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДенес свечено затоврање на 5.Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Денес свечено затоврање на 5.Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Во киното Милениум денес вечер со почеток во 19 часот ќе биде свечено затворен 5.Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија’’ кој во Скопје се одвива од 18 октомври.

„Во магијата на киното“ е темата на неговото годинешно издание на кое учествуваат над 700 млади од 12 држави на возраст од 10 – 18 години (јуниори, кадети и сениори) кои по одгледаните 15 играни филмови од официјалната конкуренција како и на многу други кратки и документарни филмови, како членови на жирито ги одбраа најдобрите во секоја категорија. Вечерва ќе бидат објавени имињата на најдобрите филмови во секоја од предвидените категории, а ќе бидат соопштени и имињата на учесниците кои ќе го претставуваат „Џифони Македонија“ на фестивалот „Џифони Експириенс“(„Giffoni Experince“) во Италија во 2018 година.

Петтото издание на „Џифони Македонија“ вклучуваше и 11 работилници за филм, театар, музика, танц, повеќе придружни активности, концерти и др. а се одвиваше во Кинотека на Македонија и во Младинскиот културен центар.

На свеченото затворање ќе бидат претставени делата кои го создадоа младите учесници на работилниците. Дел од создадените дела од најмладите учесници ќе се продаваат по симболична цена, а собраните средства ќе се предатат на Домот за деца без родители “11Октомври“.

Директорот и основач на „Џифони Експириенс“, Клаудио Губитози и претседателот на фестивалот Пиетро Риналди деновиве потврдија дека на фестивалот во италијанскиот град Џифони, во 2018 година ќе се зголеми бројот на учесници од Македонија за уште 4 млади учесници. Поддршка во реализацијата на 5.„Џифони Македонија“ дадоа Агенција за филм на Република Македонија, Министерство за култура, Министерство за образование и наука, Кинотека на Република Македонија, Италијанската Амбасада во земјава, Младински културен центар, Македонски народен театар, Град Скопје, Општина Карпош и Општина Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП