29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс би можел да се врати во Евертон

Мојс би можел да се врати во Евертон

Британските медиуми кои се занимаваат со трансфер озборувањата тврдат дека 54-годишниот Дејвид Мојс би можел да се врати во Евертон и да го замени Роналд Куман, кој во преодниот рок потроши многу пари на засилувања, а тимот во тековната сезона бележи бледи резултати во првенството и Лига Европа.

Евертон попладнево ќе го пречека Арсенал во деветтото коло, во Премиер лигата, а според шпекулациите ова е еден од натпреварите кој ќе ја одреди неговата судбина во клубот.

Дејвид Мојс во периодот од 2002 до 2013 година беше тренер на „карамелите“, а потоа немаше премногу успеах како тренер на Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.

Исто така според британските медиуми Мојс е еден од главните кандидати за селекторската функција во шкотската репрезентација.

Евертон по осум натпревари се наоѓа на 16 позиција во Премиер лигата со само осум освоени бодови.

Роналд Куман во преодниот рок на засилувања потроши 140 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП