29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги намалува придонесите за пензиско осигурување

Германија ги намалува придонесите за пензиско осигурување

Германија планира следната година да ги намали придонесите за пензиско осигурување што ги собира од работодавачите и вработените за 1,3 милијарда евра, благодарение на рекордно високата вработеност и порастот на резервите.

Конкретните бројки ќе бидат договорени откако владата ќе ги објави ажурираните податоци од даночните приходи на 9 ноември.

Според пресметките, придонесите за пензиско осигурување до 2021 годна би требало да останат непроменети и да изнесуваат 18,7 отсто, а да пораснат во 2022 година на 18,9 отсто поради стареењето на населението во Германија.

Рабодавачите во земјата често се жалат на високите придонеси за пензиско осигурување и често пати досега апелираа до владата да ги намали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП