25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК започна истрага за увозoт на кинески електрични велосипеди

ЕК започна истрага за увозoт на кинески електрични велосипеди

Европската комисија започна истрага за увозот на електрични велосипеди од Кина, поради што Пекинг го предупреди Брисел да не дејствува со протекционизам, објави „Ројтерс“.

Европската асоцијација на производители на велосипеди (EBMA) поднесе тужба во септември, според која кинеските компании го преплавуваат европскиот пазар со електрични велосипеди со педали (опремени со системот „PAS-Pedal assistance system“) со цени, кои понекогаш се под производствените.

Комисијата посочи дека има доволно докази за да се оправда започнувањето на антидампинг истрагата во траење до 15 месеци.

Министерството за трговија на Кина соопшти дека ќе ги заштити интересите на кинеските компании и побара од ЕУ да ги почитува правилата на Светската трговска организација.

Официјален претставник на Министерството ја предупреди ЕУ да не дозволи таа да стане „нов случај на трговски протекционизам“.

Велосипедите не се во фокусот на вниманието за прв пат.

ЕУ ја обвини Кина во септември минатата година, дека го нарушува светскиот договор за трговија со еколошки стоки, инсистирајќи велосипедите да бидат вклучени во листите за безцарински стоки.

Кинеските антидампинг обврски се наметнати на обичните кинески велосипеди од 1993-та година.

Според европските производители над 430.000 кинески електрични велосипеди биле продадени во ЕУ во 2016-та година, што е зголемување за 40% на годишна основа.

Организацијата на производителите предвидува дека бројката ќе се зголеми на 800.000 во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП