25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Terre Blanche Hotel Spa Golf Resort (фото)

Луксузниот Terre Blanche Hotel Spa Golf Resort (фото)

„Terre Blanche Hotel Spa Golf Resort“ се наоѓа во Прованса, на само 35 минути одалеченост од Кан и 45 минути од Интернационалниот аеродром во Ница…

Овој хотел со 5 ѕвездички е рангиран во листата со најдобри резорти во светот, а во понудата има префинета природа, мир, разновидни активности на прекрасниот имот како и мноштво луксузни погодности.

Во овој хотел се наоѓаат луксузни и пространи апартмани и вили. Секој апартман и вила имаат дневна соба, спална соба, голема бања и приватна тераса, додека некои од вилите имаат и приватно џакузи или базен.

Во рамките на овој спа ресорт има повеќе базени, а најдобар е пространиот инфинити базен од кој ви се овозможува прекрасен поглед. Околу него има голем број на лежалки и столчиња, а во близина е и прекрасниот ресторан, совршен за ручек.

Исто така и спа центарот е многу простран а во него можете да добиете секаков вид на масажа, фитнес и останати третмани.

Голф терените на овој ресорт високо котираат на европската ранг листа.

Префинетата локација на ова одморалиште ви нуди уникатна архитектура исполнета со уметнички дела. Овој ресорт претставува елеганција на стариот свет и модерната префинетост, како и вистински и ултимативен луксуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП