28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните најмногу ги бараат потрошувачките и станбените кредити

Граѓаните најмногу ги бараат потрошувачките и станбените кредити

Вкупното кредитирање на фирмите и на граѓаните во септември е намалено за 0,3 отсто, но на годишно ниво е забележан раст од 4,3 проценти, покажуваат податоците на НБРМ.

Вкупните кредити на корпоративниот сектор во текот на септември забележаа намалување од 1,2%. Споредено на годишно ниво, состојбата на кредитите одобрени на корпоративниот сектор е пониска за 0,5%, во услови на пад на девизното кредитирање, наспроти годишниот раст кај денарското кредитирање.

Кај кредитите на домаќинствата, пак, во септември е регистрирано зголемување на месечна основа од 0,5% и годишно за 9,8%. Растот на кредитна активност кон домаќинствата, во најголем дел се должи на денарските кредити.

Од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените се потрошувачките и станбените кредити каде има раст од 0,7% на месечно, а 11,9% и 14,1% на годишно ниво. Раст од 1,9% во септември има кај автомобилските кредити, но на годишно ниво е забележан пад од 5,2%. Кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележано месечно и годишно намалување од 0,2% односно 1,0%.

Кај негативните салда на тековните сметки не е регистрирана промена на месечно ниво, но има годишен раст од 3,7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП