20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА666 - Толку во моментов должат Американците

666 – Толку во моментов должат Американците

Дефицитот во американскиот буџет во последната даночна година, која заврши на први октомври, достигна 665,7 милијарди долари.

Како што пренесува Блумберг, вака големата сума се објаснува со недоволното плаќање на даноци.

Министерот за финансии тврди дека неговиот ресор сметал на поинаква сума. Американсиот министер за финансии Стивен Мунчин наведе дека таквата ситуација треба да биде аларм за федералниот ресор.

Дефицитот во американскиот буџет навистина расте од година во година. На пример, во 2016 година овој показател изнесуваше 585 милијарди долари, во 2015 година – 438 милијарди долари. На ваков начин за само две даночни години дефицитот пораснал за третина, за скоро 228 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП