29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИP&G успеа да ги исполни очекувањата за добивка и продажба

P&G успеа да ги исполни очекувањата за добивка и продажба

„P&G“, најголемиот производител на производи во светот, ги надмина проценките на „Вол Стрит“ за своите профит и продажба. Релативно послабата продажба сепак најверојатно ќе му дадат на активистот-инвеститор Нелсон Пелц „муниција“ во тековната војна против раководството на „P&G“ поради нејзините тешкотиите во зачувувањето на пазарниот удел, коментира „CNBC“.

Гиганот во потрошувачките производи гигант објави приходи од 16,7 милијарди долари во споредба со 16,69 милијарди долари, според „Thomson Reuters“. Ова претставува зголемување од 1% на годишна основа.

Компанијата се бори со опаѓање на продажбата, подобрувајќи ги своите маргини. „P&G“ забележа приспособена заработка по акција од 1,09 центи по акција во однос на очекувањата за 1,08 центи по акција, покажуваат аналитичарите на „Thomson Reuters“.

„P&G“ агресивно ги намалува трошоците како дел од својот план за заживување на растот.

Компанијата токму заврши со најтешката битка во историјата, во која успеа да победи обидот на Нелсон Пелц да стане дел од одборот. Пелц рече дека без оглед дали ќе има место, тој ќе продолжи да врши притисок од надвор.

„Pelz’s Trian Fund Management“ има акции на „P&G“ за околу 3,3 милијарди долари.

Од „P&G“ рекоа дека резултатите се во согласност со очекувањата и компанијата е поставена да ги исполни целите за фискалната година.

„Ние постигнавме пораст на органската продажба на слаб глобален пазар и релативно силен основен период“, рече претседателот и извршен директор Дејвид Тејлор.

„Гледајќи напред, ќе воведеме иновации, продуктивност и трансформација за да го забрзаме растот на приходите, како и проширување на профитните маржи“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП