29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога ги кратите трошоцитe НЕ правете ги овие грешки!

Кога ги кратите трошоцитe НЕ правете ги овие грешки!

Лесно е да се западне во начин на размислување дека секогаш поефтината варијанта е подобра. Дури и кога буџетите се ограничени, има прав и погрешен начин да се заштедат пари.

Намалувањето на трошоците на погрешно место може да го повреди вашиот бизнис, вели бизнис стратегот Керол Рот, поранешен инвестициски банкар и најдобро продаваниот автор на „The Entrepreneur Equation“. Еве три од најчестите грешки кои ги прават претприемачите:

1. Скратување на услугите на купувачите. Кога сопствениците на мали бизниси започнуваат да паничат за нивните трошоци, една од првите работи која ја прават е скратување на добивки и услуги кои ги даваат на нивните клиенти.

„Тоа е последно нешто што треба да се направи во тој момент”, вели Рот. Пример, ако поседувате ресторан, може да биде примамливо да се намали бројот на кенлери, но со тоа се јавува проблем останатите кенлери да се справат со доплолнителни маси. Не правете го тоа.

„Ако скратувате во области каде што може купувачот да забележи, правите грешка” вели Рот. “Вашата најдобра можност е да ги задржите или да ги зајакнете областите кои влијаат на купувачите”.

2. Скратување на маркетинг буџетот. Друга заедничка непредвидлива реакција на вознемирените претприемачи е да ги намалат финансиите наменети за маркетинг.

Тоа нема да влијае на вашиот бизнис, така? Погрешно! Кога екномијата ќе закрепне, клиентите ќе бидат во можност да потрошат повеќе. Ако сега ги намалите вашите маркетинг трошоци, самите ги отсекувате новите клиенти од кои ќе расте вашиот бизнис, вели Рот.

3. Скратување на додатните приходи на вработените. Еден од начините да се оттурнеме од дното е да ја скратиме ужината на вработените во петок, која стана традиција во нашата компанија. Не, не и НЕ! Тоа се мали нешта кои прават вработените да се чувствуваат ценети и почитувани и го чуваат моралот на работното место на високо ниво. Тоа на долг рок води кон помагање на вашиот бизнис.

„Таа лојалност ќе резонира од внатре кон надвор”, вели Рот. Среќните вработени ќе ги држат вашите купувачи среќни. „Се се врти околу купувачите, бидеќи ако немате купувачи, вие немате бизнис”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП