29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот ја мина границата од 6.100 долари

Цената на биткоинот ја мина границата од 6.100 долари

Биткоинот денес ја мина границата од 6.100 долари со што го мина вчерашното рекордно високо ниво од повеќе од 6.000 долари.

Криптовалутата се тргуваше за 6.147,07 долари, според „CoinDesk“. Во моментот на објавување на текстот, цената по која се продава биткоинот изнесува 6.067,13 долари

Биткоинот го забележа својот нов рекорд по загубата од 8,7 отсто во средата поради страв од посериозна контрола од страна на американските регулатори, рече „CNBC“.

Најголемиот дел од обемот на кој се тргуваше биткоинот доаѓа од Јапонија, при што 59% од договорите беа направени во јапонски јен. Трансакциите во американски долари сочинуваат 25,5% од вкупниот волумен, според „CryptoCompare“.

Криптовалутата забележа силни перформанси во последниот месец, до 50,4%. Растот дојде и покрај тоа што беше критикувана од Главните извршни директори на „JPMorgan Chase“ и „BlackRock“, Џејми Дијамон и Лари Финк.

Димон најави на конференција минатата недела дека луѓето кои поседуваат криптовалути се „глупави“. Финк, кој зборуваше на истиот настан, го нарече биткоинот – „Индекс на перење пари“.

Инаку биткоинот вчера ја мина границата од 6.000 долари, кога се тргуваше по цена од 6003.81 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП