25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Заедничка цел“ на Мата доби уште двајца потписници

„Заедничка цел“ на Мата доби уште двајца потписници

Добротворната иницијатива „Заедничка цел“ на шпанскиот фудбалер Хуан Мата доби сила кога Чарли Дениелс и Алфи Мосон станаа првите англиски играчи што ветија дел од својата заработувачка за добротворни цели.

„Зборував со неколку англиски играчи кои покажаа интерес во кампањата и одлично е што Чарли и Алфи се првите двајца што потпишуваат. Двајцата играат во Премиер лигата и нивната посвета е голем чекор напред“, изјави Мата.

Дениелс е бек на Бурнемаут, а Мосон е дефанзивец на тимот на Свонси. Двајцата ветија барем 1 отсто од својата плата за фондацијата на Мата, која го развива фудбалот во целиот свет. Уште позначајно е што двајцата фудбалери не се меѓу најплатените играчи во Премиер лигата и двајцата работеа напорно на својата кариера од пониските англиски лиги.

23-годишниот Мосон пред три години беше позајмен играч во Велинг јунајтед, а 31-годишниот Дениелс помогна Бурнемаут да се искачи од третата англиска лига во Премиер лигата.

„Искусив речиси сè што можеш како фудбалер во Англија и затоа никогаш нема да заборавам од каде дојдов. Фудбалот е важен дел од мојот живот како за многу луѓе во Англија и затоа е важно да се даде нешто назад“, изјави Дениелс.

Сега „Заедничка цел“ има 12 потписници во целиот свет вклучувајќи ги фубалските ѕвезди Матс Хумелс и Џорџо Кјелини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП